Девојки,ме интересира дали доколку пратката е со фелер, ако отвориш диспјут, и добиваш целосно рефундирање на парите, треба да ја вратиш пратката назад во одреден временски период или ја задржуваш за себе ?(ако можеш лесно да ја поправиш всушност си ја добиваш гратис ако ти рефундирале)
Епа вака..имам порачувано и ми пристигнале и сум ептен задоволна од производите..па така пред некој ден си направив уште една порачка па се надеваме на најдоброто
Јас имав искуство со скршени саатчиња. Веднаш по пристигнување на пратката, ги сликав саатите и ги пратив на селерот. Ме праша дали сакам да ми ги рефундира парите, или пак да ми ги испрати саатите повторно. Ама зошто саатчињата многу лесно ги направив, си порачав други артикли И мислам дека и во темава напишав, дека селерите ќе направат се само да не добијат негативен фидбек И мој совет, не мораш да отвараш диспјут, полесно ти е директна комуникација со селерот.
За да ти ги рефундираат парите и покрај директната комуникација со селерот, сепак мораш да отвориш диспјут за да имаат основ за рефунд...
Не им ја разбирам политикава на работа-добиваш као полу-употреблив производ, ти ги враќаат парите за истиот, го поправаш тој или си го носиш и така за без пари и всушност они се во комплетна загуба - производот го продале ,па парите за истиот ти ги вратиле. Мислам дека во секој случај доколку нешто не е во ред со порачката за да ти го рефундираат износот, треба да го добијат производот назад па после они да си го поправаат и повторно продаваат...?
Па до сега не сум сретнала случај (ни јас лично, ни никој во моја близина) каде што е побарано производот да се врати назад па за да ти ги вратат парите. Сепак доволен доказ е ако приложиш слика дека е скршено, оштетено и неупотребливо.
Повторно јас.. На нарачката пишува Awaiting Shipment, тоа значи дека селерот треба да ја испрати се додека не истече времето кое одбројува од страна, или дека веќе е испратена и се чека да стигне? И како можам да најдам тракинг број? Селерот ќе ми испрати во порака или јас треба да побарам? Фала
Awaiting shipment znachi deka seushte ne ti e isporachana od kaj selerot .. a za tracking number ne znam ich
"Awaiting Shipment" значи дека се чека на продавачот да ти ја испрати нарачката. Откако ќе ја испрати ќе ти покаже статус "Goods awaiting acceptance". Откако ќе ти ја испрати нарачката и ќе го видиш новиот status update" "Goods awaiting acceptance" , ќе ти напише и број за пратење на нарачката. Јас имам полно нарачувано од сајтов, и досега не ми се случило да не ми стигне. Може да задоцни но секогаш стигне.
Jaс лично немам порачувано ,туку преку колешка моја(она порачуваше).Еднаш порачав ташничка , а еднаш блузичка, и јас лично сум задоволна со производите (изгледаат онака како што стои на сајтот).Колешката нарача еднаш семиња бонсаи во зима и ги чекаше до април за да ги посади, но кога и никнаа не беше тоа што треба да биде.Само треба да се внимава при облека кога се порачува да не се згреши бројчето(S,M,L), бидејќи сестра ми порача сако со големина S (има24 год.) а кога и стигна не можеше дури ни рацете да ги пикне.Просто тоа сако би можело да пасува на некое 10-12 год. девојче.Нивните мерки со нашите не се исти, затоа треба да се внимава.
Дали некој нарачал балсами еос од Aliexpress и како бил задоволен од квалитетот и услугата? Фала однапред <3
RC182738705CN Сеуште не ми наоѓа пратката, девојки кажете ми што да правам.. Преостануваат уште 43 дена а уште не можам да ја следам во што е проблемот?