Си испорачав ланчиња, белегзии, прстенчиња и такви дрангулии пред месец и сите ми стигнаа во одлична состојба подобро и од опишаното.. Некои од нив ми стигнаа многу порано од предвидено што се зачудив, инаку девојки сакав да ве прашам дали е безбедно да купувам со картичка на која имам поголема сума на пари бидејќи не можам да се шетам по банки да вадам и да префрлам пари од една на друга картичка, а бидејќи сепак се внесуваат информации за платежната картичка тоа значи дека имаат пристап до целиот фонд на пари на картичката или?
па би требало да е безбедно, али ексрпрес е побезбедно од е-бај, јас порачав футроли и лепенки за телефонот од е-бај и ништо не ми стигна и парите не ми ги вратиа, а веќе 2 години многу често порачувам од алиекспрес па тоа ми се нема случено
Сликај за да видиме дали си ја откажала, дали не за да ти помогнеме околу пратката, вака никој не е видовит за да каже што како е
Јас имам порачувано и од алиехпрес и од е-бај секогаш со кредитна картичка, ако ви е важно од Стопанска Виза Стар Класик, и секако лимитот ми е голем, фала богу неискористен и не сум имала никаков проблем, а тоа го правам со години. А и од двете места секогаш се уредно ми стигало, некогаш порано некогаш подоцна.
Jaс почетоков на летото порачав три саати и уште ни трага ни глас од нив, едниот од продавачите ми го продолжи рокот ми стигна известување, поим немам зошто.Беа со супер фидбекови, ама сепак се мислам има ли шанси да не стигнат или поштарката си ги има присвоено?
@1209 за жал неретко има и присвојувачи Јас еве пак ќе кажам до дома ми ги носат секогаш, једино еднаш мм порача саат од е-бај кој косташе околу 400евра и ни стигна на царина, и оттаму го подигнавме и секако ни го царинеа а еднаш порачавме дел за кола кој исто беше со поголема сума и белешката од царината беше прикачена на кутијата. Али секогасш се ни стигнало, дури една пратка ни беше оштетена, порачана од алиекспрес и ја сликавме им ја пративме и ни вратија 70 посто од сумата, толку и побаравме.
Дали има некој што го нарачал фустанов ? И ако може некој што порачувал фустани да ми предложи продавач
Јас често нарачувам накит, очила, ташни, маски за телефон, презадоволна сум. И баш има некои работи ефтини. П.С. читајте ги ревјуата таму има отценки и сликано како навистина изгледа производот стигнат кај купувачот
Девојки што ќе се случи ако стиснам на копчето Open Dispute бидејки не ми е стигнат производот што го нарачав па сакам да го рејтнам селерот со мала оценка бидејки не ми стигна производот. Дали после тоа ќе може да направиме нешто како на пример со истите пари он да ми прати нов производ или нешто така? Фала однапред.
сакам да порачам патики, прв пат ми е, да ми предложи некој подобар селер од кој имате порачувано и дали бројката е исто како кај нас?
Па вака кога ќе си бендисаш некои патики оди доле во feedback и види што коментари имат какви отценки ако има доста позитивни коментари и отценки тогаш можеш да си ги порачаш и сигурно има димензии според тие димензии ќе порачаш.
Страницава е стварно евтина но од некои луѓе што порачувале имам слушано дека не им стигале порачаните производи пр. Наместо Iphone 5s им стига Самсунг на копчиња или некоја друга марка на телефони на тач. Навистина незнам дали во тие случаи се работи за ненамерно помешување на пратките или нешто друго (намерно заменување) а производите не се враќаат. Само поради тоа што ми го имаат кажувано не сум порачала ништо од AliExpress. Не ме сваќајте погрешно не сакам да ве предомислувам и да направам да не порачувате производи само сакам да го споделам со вас она што сум го слушала за фирмава. Поздравче до сите! *
има во описот табела со димензии и бројки ... ке мереш на патика што веке ја имаш, не директно на ногата со duspute можеш да си ги бараш само парите назад а од како ке заврши постапката да дадеш feedback
Имам една порачка на тракингот секаде пишува дека е стигната во Мк уште на 30 Јули а уште ја нема да ми ја донесат, прашав во поштата нема ништо инаку сите останати пратки ми стигнаа вклучувајќи и една што ја порачав во истиот ден со оваа.. Можно е да е изгубена? Еден месец веќе е тука во Мк и немам никаква информација, во поштата ми рекоа дека оние пратки што немаат букви што се само бројки како оваа немаат врска со нивната испорака, не сфаќам што е работата
И мене од тие таквите порачки само со бројка што се по 2 месеци ми има пишувано дека се во мк па дури после 2 месеци имаат стигнато... почекај ке ти стигнат сао одржувај го protection time да не истече
Ќе гледаш селерот да има добар рејтин и ќе читаш коментари. Ако веќе патиките што ги сакаш немаат коментари, ќе му пратиш порака на селерот да ти прти слика од реалниот производ. За големините, кје земеш лист, пенкало и лењир. Ќе го нацрташ стапалото на листот и ќе ја измериш должината. Во описот на продуктот секаде има мерки и бројче и според сантиметрите ќе си одбереш бројче. Ако си измеѓу број нарачај поголем.
Дали некој во последно време има порачано нешто од Али Експрес? Незнам дали да порачам,незнам дали стигаат нарачките. Како и да е,што би ми препорачале?Изборот е преголем.
jaс често порачувам, стигаат нарачките, ако не стигнат ке си ги бараш парите назад ... што сакаш порачај си само гледај да има добар рејтинг, над 95%
Девојќи јас имам позитивно мислење за Aliexpres бидејќи секоја девојка може да си дозволи некое уникатно парче облека за многу ниски цени па и бесплатна достава! Единствена мана е чекањето но стигнуваат во рокот од 40-60 дена најмногу заглавуваат во нашава пошта во Скопје бидејќи стигнуваат илјадици пратки за сите градови и дури некои мали пратки можат да се загинат. Јас лично имам направено околу 20 нарачки и сите ми стигнаа освен 2 кои беа евтини часовници од 1 долар и не ги жалам парите. Секогаш купувајте од продавници со добар рејтинг . Ево предлог продавница од мене проверена и продавачите одговараат на сите пораки дури можете да побарате слика од производот да ви пратат по порака како изгледа во живо . - http://www.aliexpress.com/store/209000 Поздрав!
Здраво девојки јас по грешка стиснав дека ми е стигната порачката , но нема ни два дена како ја нарачав, Дали ќе ми стигне порачката и дали може да се откаже истата ?