Онлајн шопинг И моите пратки стојат во Пекинг и пишува NULL уште од пред 10 дена, не се мрднати, ме фаќа нервоза веќе..Иначе имам искуство со Али експрес една блуза не ми ја пратија и ми ги вратија за 2-3 дена парите, само шо многу долго се чека Има ли некој искуство да не му стаса нешто ни за 60 дена, а да не му ги вратат парите??
Онлајн шопинг како ке знам кога ми е стигната пратката ако поштарот не ми донесе картонче?Или мора да ми донесе? и кога ја следам пратката на 17трацк се едно исто бројче ми излегува на локација,тоа значи дека е на едно место застаната?
Онлајн шопинг Ми се има случено да не ми ја пуштат воопшто нарачката и таа после одреден период сама се откажува автоматски потоа стигнува маил дека во рок од 7-10 дена парите ќе бидат вратени и навистина ми ги беа вратиле до последен денар...а да ми ја пратат нарачката и да не ми стигне тоа до сега не ми се има случено пу пу да не ми се ни случи ни мене ни на никој друг
Онлајн шопинг ЗДРАВО ФЕМИНКИ ГЛЕДАВ НА АЛИ ЕКСПРЕС АКСЕСОРИИС ЗА КОЦА МНОГУ СЕ УБАВИ И ЕВТИНИ,ДАЛИ НЕКОЈ Е ПОРАЦУВАЛ ОД ТАА СТРАНА И ДАЛИ Е СТВАРНО ФРИ ШИПИНГ??
Онлајн шопинг Нема да претерам ако речам дека во пола од темава за збори за aliexpress, пролистај низ страните поназад. И да, за најголем број од производите е free shipping.
Онлајн шопинг Зошто имам нарачано повеќе работи 30-тина, и од тие 7 ми стасаа, на останатите ми пишува дека се во Пекинг , веќе месец дена, а на 2-3 пишува Dispaching ,дека уште ги пуштаат по пошта, не се ни на аеродром стасани, пошто ќе пишуваше Waiting space , нз ме фаќа нервоза многу се залетав еден куп работи нарачав
Онлајн шопинг конецно после точно еден месец ми пристигна една нарачка, дури добив и поклони два вакви прстени розев и плав и едно чудно привесче незнам ни што е од овој продавач порачував http://www.aliexpress.com/store/713035
Онлајн шопинг Дали само на мене или можеби уште на некој ужасно споро му се отвара 17track.net вчера и денес?
Онлајн шопинг и кај мене е споро на сите страни за следење, на мк пошта не се ни отвора. инаку денес дознав дека поштарот што ги носи пратките во куманово, знаел и да си тргнува на страна по некој пакет, особено од оние кои често порачуваат од нет, незнам со кој памет уште го држат како вработен, кумановки внимавајте денес ми стигна само картонче дека имам пратка која треба да ја подигнам
Онлајн шопинг И во Скопје се случува тоа!!! Јас сум жив доказ за тоа! Пратката ми беше стигната уште пред една недела во Скопје! И мистично исчезна! Помината е на царина и све тоа,ама од пошта не ми ја донесоа и се оградуваат,иако фактот е дека е тој. Очигледно е дека она кое им се допаѓа си го задржуваат. Алиекспрес е безбедна страница за купување, нашата пошта е проблемот и келптоманите и мрзливите во неа. Фората е да почекам до сабота некако магично да пристигне пратката, што не ми се верува,а ако не, ќе си купам од Конверс,а тој што ги земал со здравје нека си ги носи и нека му служи на чест и совест. Братучед ми имаше порачано нешто сосема друго од друга страна, работите му пристигнаа во понеделникот, отиде на царина директно зошто имаше потреба и документ да однесе. Веќе вчера му беа пристигнати на домашна адреса.
Онлајн шопинг Лилит баш ми е жал што ти се десило тоа со патиките, а се намачивме да им најдеме соодетен број. Хоштаплери тоа е, мене не ми ја дрпнаа нарачката ама поштарот ми го изгуби картончето и јас мислев дека не ми ни стигната дека се изгубила и нормално за 10 дена ја вратиле назад. Па после јазик кршев со оној неписмениот да ми ги врати парите, се изнамачив. Штом на аеродром крадат од куфер работи, па нарачка да не здиплат, мислам проста нација сме, злоупотреба на служена должност од поштар до министри, што да кажам. Инаку алибаба е една од најголемите компании за е-комерс, поголема испорака имаат и од амазон дури, јас така прочитав некаде.
Онлајн шопинг И мојата нарачка сеуште ја нема...... се јавив во пошта и ми кажаа немало ништо пристигнато.............хмммм се напнав по сево ова што го прочитав....
Онлајн шопинг Не, немам зборови. Претчуствував дека нешто вакво ќе се случи и се случи. Не знам што да кажам. Периодов се нешто вака ми се случува, грешки од административен карактер што дури и здравје ме чинеа,тек ова. Да не знае човек што да направи! За тие пари глупо е да тужиш,ама ајде моите, ајде на некој друг, кога ќе се собере колку такви ситуации се случиле, не се собира сигурно мала сума на пари. Не знам што да кажам... Безобразие! Мислам ме лути тоа што си чекам поштено, го гледаш стигнува, со свои очи го гледаш и НЕ СТИГНУВА!!! Пред нос те краде и ти нема што да направиш. Као кажи, не е проблем, ќе те частам да му се невиди ако треба, ако ти е за толку да си резил човек, ама не ме кради, планирано ми било. Утре ќе одам во дирекција во пошта и ќе се карам. Ќе добијат ултиматум! Еден поштар е што циркулира во конкретен реон,а преку сила да вклучуваат тројца различни луѓе низ чии раце минуваат пратките пред да бидат испратени до локалната пошта. Јас имам доказ дека поминато е од царина и после тоа му се губи траг,па нека мислат како ќе прават!
Онлајн шопинг Ау ау ау што читам бре жени???? Безобразие значи кај мене у мојот град до сега не сум разбрала за украдена порачка Инаку и мене не ми отвара линкот на нашата пошта едно 4-5 дена 17 трак споро отв ара и на едно исто место ми стојат порачките веке 30 дена што малер не спотера стрварно незнам а што убаво си беше и следење порачки и стигаа на време а сега се отиде у пм туку дај помогнете ми како да направам опен диспуте отварам одговарам на прашањето и има една опција закачи доказ е тука сум тапа како да закачам доказ односто како да ја закачам страната од 17 трак кај што пишува дека е грешка дестинацијата???
Онлајн шопинг Не мора да значи дека ќе стигне на грешната дестинација. Најверојатно грешката е само во компјутерот, затоа што они кога го испраќаат пакетот на него е напишана твојата адреса. И мене еднаш ми се има случено истово пишуваше дестинација Полска, малце покасно ми стигна а јас мислев нема да ми стигне. Инаку и тогаш истото ми се случи како и со други пратки, кога пишуваше дека е во Прага за неколку дена ми стигна.
Онлајн шопинг Мене денес ми стигна нарачката, а на 17track.net уште ми покажува дека ми е во Прага, така да не се потпирајте на страната. Проверувајте си за картонче.
Онлајн шопинг Девојки порачката ми е направена пред три дена и на статус ми пишува дека селерот ја обработува нарачката, а како опомена ми пишува: This order will be automatically cancelled if the supplier does not ship your order within: 7days 2hours 17minutes 20seconds . И има Extend processinf time и Request order cancellation. И не ми е јасно треба да чекам уште седум дена или треба да одберам една од овије две опции. Не ми е јасно бидејки во претходните страни порочитав дека вам ви ги испракале за 3 дена...
Онлајн шопинг Зависи од продавач до продавач колку време му треба и колку време бара за да ја испрати нарачката. Ако не ти ја испрати нарачката во текот на преостанатите 7 дена, автоматски ќе се откаже. Ако сакаш можеш да му дадеш уште време за да ја испрати или пак да ја откажиш нарачката... Мој совет - причекај малку, уште некој ден плус не менува многу.