Ќе пробам да средам ова со фидбекот , а за таква сметка не се исплатело ми кажа една другарка. Мајка и имала таква , но требало да внесуваш на нејзе пари или нз таму како било . Сепак Ви Благодарам девојки , се надевам ќе средам
Не сум јас за Алиекспрес и тоа е тоа!!! Нареден пат страната ќе ја отварам само и единствено кога на интернет картицата ќе имам нула денари... Тргнав да барам кафена марама (демек попуст) а место тоа купив Hello Kitty алка (за мене, на мои години ), ланче со „galaxy“ приврзок, стикери за нокти со снегулки и шаблони за украсување на кафе... Има потреба да кажам дека на крај не ми останаа доволно пари да си платам за марамата?
^ Претпоставувам од проверен селер си порачала, станува збор за многу пари. Можно ли е кај нас да „го снема“ телефонот? Исконтактирај го селерот, можам да замислам како ти е
Си порача некој нешто од попустиве ? Се мислам да порачам ама кузнае колку време ќе чекам за достава ...
Знае ли некоја да ми каже дали има вакви работи на алиекспрес, ако може и линк или барем да ми кажете како ги викаат на англиски овие прекривки за гарнитура и лентата за маса за да можам да барам на алиекспрес сакам да си порачам вакви.
Би ве посоветувал овој период, до Нова година, да избегнувате да порачувате производи од Али експрес, затоа што се почнати гужвите поради божиќните и новогодишните празници и големи се шансите за губење на производот. Баш утрово гледав снимки на некој кинески канал за тоа колку производи поминуваат дневно низ магацините на Чајна пост...и колку производи се оштетуваат и губат во таа гужва
Како бе така ви стига нешто сосема трето од тоа што сте го порачале и не си ги барате целосно парите назад? Од распродажбата што беше на 11.11 ми стигна прстен на кој му фалеше само едно мало камче (цената беше 14$) и му пишав на продавачот дека ваков прстен не ми врши работа и се согласи да ми ги врати парите назад. Штом тие умеат да бидат слаткоречливи, бидете и вие, за да исходот биде во ваша полза.
Зошто една од пратките која беше во "goods awaiting confirmation" сега се наоѓа во "orders complete" а ниту е истечен периодот од 60 дена а ни јас ја немам потврдено дека е пристигната затоа што не ми е стигната. Дали може да направам диспут сега или???
Не можеш. Целиот процес е завршен. Пиши му на продавачот. Има порачки кои како предвиден рок имаат помалку од 60 денови. Или некој кликнал по грешка дека е пристигната порачка. Ја следиш ли порачката?До каде е ?
Пиши му на продавачот, кажи му дека имаш проблем со порачката. Друго нема што да се направи. И да ја чекаш, ама овој нов начин на следење ич не ми е јасен.
Или времето за испорака поминало, некои придавачи имаат помалку од 60 денови, или некој потврдил од кај тебе, друго нема.