Со овој мојот продавач нема разбирачка поминаа 60дена продолживме уште 30 поминаа и тие туку речи и ми вика чекај па 83дена чекам не се нафака да ми врате пари па препратив кај тие од али нека си ги вадат очите друга пратка од 12,10 и уште не ми е стигната а не е баш ефтина што се испогреши кој знае арно одеше до скорото сега каша попара
Трпение Алиса и јас чекам пратка од октомври, со новите пошти се е каша попара. И кај мене продвачот се колни дека е пратена , и на системот за следење ја покажува кај нас оддамна, ама не ми е баш веродостоен. Празници се во прашање, поштите преблокирани, а побарувачката од али е се поголема. А исто и цените и поштарината им е скокната, па не е веќе така ефтино како што беше.
А прoвери дa не ти е зaмрзнaтa прaткaтa. Тoa се случувa aкo селерoт бил сумлив пa ги блoкирaaт пoрaчките. Пиши му нa селерoт прaшaј штo е рaбoтaтa.
Ако е смрзната пратката ќе пишува дека е смрзната, а не дека е комплетирана, колку што ме држи сеќавањето.
Нарачав од Алиекспрес едно саатче, го пратам преку трекинг нумбер и кога ќе влезам на страната на македонски пошти и ќе го пишам бројчето ми го дава ова... Од поштарот ни трага ни глас а веќе поминаа 10 дена откако пишува дека е во Скопје
Си нарачав она силиконсконо помагало за нога.т.е за гихт.Денес ми стаса еве си го носам,сега го чекам фустанот,пратен ми е ама не можам да видам до кај е,нешто има проблем со тракингот..
Сакам да си порачам надградба на коса од алиекспрес ама не сум сигурна каква ќе стаса се двоумам, да не има некој порачано?
Пред некаде 10 - 15 дена нарачав нешто од Aliexpress и ова ми е прво нарачување. Може ли некој да ми објасни што значи овој статус: Awaiting delivery Buyer Protection time remaining: 53 days 12 hours 34 minutes (Што значи тоа Buyer protection?) а, кога ке кликнам на Track Order, пишува Awaiting Receipt
Buyer protection значи дека продавачот нема да ги добие парите додека ти не потврдиш дека е стигната пратката. Ако не ти стигне пратката, пред да истече времето од 53 дена, може да побараш да ти ги вратат парите.
Дечки производот кој го нарачав од Алиекспрес не ми стигна и продавачот за да ми ги врати парите упорно ми пара Pay Pal број меѓутоа нити имам account нити имам намера да идам по банки да барам код и да ставам одреден износ упорно му кажувам на VISA сметката што ја имам да ми ги врати парите ама упорно ми бара и он Pay Pal број
Дечки производот кој го нарачав од Алиекспрес не ми стигна и продавачот за да ми ги врати парите упорно ми пара Pay Pal број меѓутоа нити имам account нити имам намера да идам по банки да барам код и да ставам одреден износ упорно му кажувам на VISA сметката што ја имам да ми ги врати парите ама упорно ми бара и он Pay Pal број
И мене исто така ме врткаше еден селер , упорно му кажував дека немам таква сметка. На крај му пишав да ми испрати производ за тие пари и го снема , еве веќе 5 месеци .. така да не се надевај
@Haritiela i @Tinushka во никој случај не се замарајте да објаснувате дека немате Пеј Пал, едноставно си отвараш диспјут, ако еднаш ти го одбие пак го модифицираш и на крај ке кликнеш да ескалира ситуацијата и парите ке ти бидат вратени.
Да ,ама во мојот случај неможе. Бидејки ми прати сосема трето парче на облека (веќе ја потврдив нарачката) и се договоривме да ми ги врати парите делумно илиии за тие пари да си изберам друг производ од неговата продавница. Тогаш запна за pay pal сметка му реков немам , прати ми производ , избрав производ му го пратив линкот и го снемааа и еве веќе 5 месеци поминаа ...