jas cekam 3 naracki, ednata od 30 avgust, i dve na 31 oktomvri, haos e vo posledno na aliexpres ne se znae ni koj kupuva ni dali se prakja, cekam da dojde do kaj 3-4 dena i da otvoram dispute i da go resam slucajov ova e smesno vekje, selerot veli kaj mene e pratkata vo posta a tie od tamu vrska nemat za takva pratka, da neznae covek dali da placi ili smee
Конечно денес ми ги вратија парите за порачката што не ми стигна. Одозгора си бара позитивен фидбек да му се остави
На таа опција најмногу попуштаат продавачите со висок рејтинг. Бидејќи многу им значи. Ако не сака да ги врати парите, само закани се со низок рејтинг. Не дека пали кај сите,ама кај некои да.
@lunicka ако имаш отворено диспјут, а продавачот не одговори во дадениот рок, парите ќе ти ги вратат тебе
Има некој порачано мобилен од овде? Ако сте порачале се ли е океј со мобилниот за колку време ви стигна и дали има гаранција ?
Нарачав 2 производи од ист диструбитер, парите ги земаа и после 2 недели ми пишува на еден производ дека е откажан. Им пишав порака таму, што се случува но одговор немам имате ли слично искуство
Јас имам, супер си работи телефонот. Гаранција нема ама и да има не ке го пракаш у Кина да ти го поправаат
Јас имав порачано мобилен за сестра ми, стигна за 20 до 25 дена колку што се сеќавам, се беше во ред со телефонот, само мемориската со него што ја добив таа не чинеше воопшто, ги бришеше фајловите, прво мислевме дека е до тел., но откако ја променивме картичката видовме дека е до неа. Телефонот си беше се океј околу една година, но потоа почна да гаси екранот на некоја минута додека работиш на него, па му требаше пак некоја минута за да се вклучи и после тоа и екранот се скрши и веќе толку беше од него, да се направи неможеше оти кинески, немаше дел за него ни екран да се мени ништо, па дури ни ни на алиекспрес.Го платив околу 75 долари мислам...
Да ве потсетам и консултирам за мојот проблем, пак 1. Тоа со марамата го решивме, ќе ми ги врател парите ама како сеа да проверам дали ми ги вратил? Како проверувате? Јас гледав на сметката и имам извештај за тоа кои се потрошени ама не можам баш да се снајдам дека истовремено нарачував повеќе работи со слична цена и сега не знам од што повлекле, од што не повлекле. а вратени или немам или не знам како да проверам. Има нешто посебна финта или во однос на балансот си рачунате сами дека не ви отишле? тука инстракшн некој да дадете? 2. го продужив времето и пак не стига и се напнав сега, не ја сакам пратката више. Утре ми истекува продужетокот и не планирам пак со тоа да се бафтам. Кога да отворам диспут? додека не е истечена или откако ќе заврши? Прашувам зашо не знам дали стои можноста за диспутирање по крајното време или ќе отиде во неповрат ... Фала унапред
Мадамке отварај одма спор не чекај да помине времето. Ако помине значи не се буниш, си ја добила пратката. Инаку јас на НЛБ имам извејштај па си пишува кој прилив од каде е. За 3-7 денови треба да ти легнат на сметка.
Секогаш тука Мадамке во врска со се со Али. Иако во последно време сум му скарана. Мислам дека ќе ти стигне пакетот , последната порачка ја чекав повеќе од 2 месеци. Продавачот ми беше проверен, ама за секој случај си ги барав парите назад. Кога се согласи да ги врати, ми стигна и пакетот.
Знае некој број или нешто како да се исконтактира пошта во Скопје? Веќе еден месец ми стојат нарачките во пошта во Скопје не знам што е проблемот. Има некој што исто овој период му доцнат нарачките?
Не ти стојат нарачките во Скојпе, залудно ќе вртиш. Новите пошти по кои праќаат продавачите и страните за следеење немаат врска. Останува само да си чекаш и да внимаваш да не ти истече времето. Во Скопје ги покажува после 2 недели од праќањето, што не е возможно. Само преку поштата од Хонг-Конг стигнуваа за 2 недели.Ама тоа е друга приказна, нема врска сега со овие пошти. И моите последни нарачки веднаш ги покажува во Ск, како од Србија да доаѓаат,а не од Кина. Па ми стигнаа дури после 2 месеци од кога страната на која следев ми пишуваше дека се во Ск.