Да ти ги враќаат парите. Иако никогаш не ми се случило да не ми ја пратат нарачката, а сум чекала и по 10дена за да ја пуштат.
Ете погоре пишав за футролата ми ја пуштија на 30ти јануари, денес ми стигна. Најмногу што сум чекала било 50дена.
Имам уште едно прашање имам погрешено буква во адресата ?Променив ама во нарачката сеуште стои погрешената,некое решение?
Мислам дека нема да има проблем, по поштенскиот број , ќе се снајде поштарот. Инаку јас имам чекано и 3 месеци. Ретко, ама се случува.
Да ти кажам искрено имам нарачано два пара наочари за мене и уште сигурно 4-5 пара за другари и сите стигнале исти како на сликата
@bubic.k ти благодарам за информацијата имам едно прашање во врска со следењето на порачката одам кај тракинг намбар го копирам бројот и одам на` 17track и ми вика дека не постои што е проблемот
Каков број имаш? Сите не се следат на17track. А и треба да има поминато неколку денови од кога е пратена.
@duffi има прво 2 букви па потоа 16 бројки и пишува 54 дена преостануваат за да стигне порачката и на кои други страни да ја следам пратката?
Девојки на колкава нарачка се плаќа данок? Дали се доплаќа плус нешто ако нема шипинг? Можно ли е да ми ги соберат сите пари од картица? (Нова сум во онлајн купувањето, имам милион прашања )
Царина на алиекспрес порачки ретко се плаќа оти се е означено како поклон и не им ги пишуваат точните суми. Пари од картичка не можат да ти земат оти е сигурен сајт , заштитени ти се податоци, плус не мораш да ги зачуваш податоците од картичката на сајтот. Прелистај ја темата, ќе ти стане јасно.
сега отворив ми имаше вратено порака дека нема страна, дека пакетот е испратен и дека ќе стигне во рок од 4-7 недели, и дали можам да почекам уште неколку дена? е сега ми е сомнителен селерот, дали на некоја и се има случено ваков проблем?
Да , на мене. Ако селерот е со висок рејтинг нема да има проблем. Не им се исплаќа на пратка со ниска вредност да плаќат тракинг број.
За полуматура нарачав фустан од таму една моја пријателка ми ги нарача и накитот и фустанот многу се убави и стигнаа многу брзо без никаква грешка
според тракинг бројот една пратма ми е стигната на 28,01,2015 а втората пратка е стигната на 05,02,2016 во мк , а јас уште не сум ја добила? Побрзо доага од Кина одколку нашиве пошти што разнесуваат пратки. Да не се загубени? Како да проверам?
Zavisi, mene najbrzo mi stignala naracka za 12 dena a najdocna za 60, nemozeme da znaeme tocno unapred