Девојки, после толку успешни нарачки, прв пат наидувам на проблем. Што кога пишува вака, пред 20ина дена стигнала во Мкд, а "held by import customs MK"? Кај да се обратам и како да го решам ова?
Не е стигната. Новите пошти преку кои праќаат и броевите за следење немаат врска. И јас имам порачка која пишува дека е во Мк. И претходниот пат кога порачав истото се случи, ја добив после цел месец од кога пишуваше дека е кај нас. Од истото се жалат и многу други. Кинезите повеќе не праќаат по ,,скапите,, пошти. Гледат и тие да поминат поефтино.
да ви кажам само дека многу од артилите од алиеехпрес ги препродаваат на разни други страни за многу повеќе пари, јас замалце ке си нарачав така, среќа што се преомислив затоа што за не пмалку од недела го видов истот тоа истата слика со истатата девојка на али
Девојки на отворенит диспјут ми беше потврдно одговорено а пари не ми се вратени, треба да си почекам ? Или има нешто друго што треба да се направи?
ама и кога ке ти рефундираат оди на прозорчето кај refund и провери си дали цела сум ти ја вратила мене ми се случи откако ми ги рефундираа парите и каде што пипува нели refund на целата сума епа наместо целата сума мене нула денари ми вратија така да пази и на тоа и јас незнаев дека и така имало, не секогаш ги враќаат парите , поздрав
@Nausicaa Ќе пишам за двете да не пишувам одделно.Инаку можно е да се смениле условите зошто како што кажав беше толку одамна што веќе година две ми е истечена. Инаку тогаш кога побарав картичка авторизирана за плаќање на интернет ми дадоа штампана во боја и пластифицирана на неа пишуваше Visa, а имав и посебно само трансакциска знам на што мислиш, имав се на се 2 такви пластифицирани, едното беше она со кое ставав пари, а со другото за порачување.Како и да е не ми беше практично. Како што реков многу време помина и веројатно е да се смениле работите
Не знам зошто таква картичка ти дале..Јас 6години имам трансакциска и плус visa картичка која ми важи само за во Македонија и со која си вадам пари од банкомат.. Пред бекој месец извадив master card и со таа можам да нарачувам од нет и плус ми важи за во други земји.
Го имав истиот случај пред 5-6 месеци. Задржано на царина . Се јавија по 3-4 дена и ме упатија да си најдам шпедитерска фирма. По 10 дена и неколку процедури, си платив царина и данок и ја добив нарачката
Moже да ми дадете линкови од некои страници за следење на пратки. На 17track не можам да ја следам а селерот нема оставено страна.
Јас имав порачано едни семиња, и цвеќето воопшто не излезе како на фотографијата, убаво беше но сосема поинакво. Еве го порачав ова http://www.aliexpress.com/item/Free..._2&btsid=34ecfc46-4414-4085-8b4c-3aed8b84cde1 а излезе вака
Девојки открив нова страна за онлајн нарачки е сега не е толку богата како али експрес ама имаше дел со плус сајз и табелата на големини за секоја работа е различна додека кај али експрес е за сите иста без разлика на материјал модел итн. Си нарачав фустан и чекам да стигне кога го нарачав ја имав згрешено величината т.е не сум ни штиклирала среќа одма приметив и им пишав ми вратија во рок од 24 часа и одма ми ја сменија порачката, страната е rosegal.com Од али експрес имам доста нарачувано и се ми стигнало до сега они во принцип ставаат слика од модел па ги шијат и најчесто не е како што е на сликата па е важно да се пише на производителот за слика и дополнително објаснување, сега се мислев да нарачам фото епилатор нели хит е сега и кај нас е 16000 а таму е 60 € другарка ми нарача и чекам да стигне па да видам да не е ептен шкљ категорија. Ако има некој што веќе има таков епилатор споделете искуства
Ми стигна тушов за очи и да ви кажам подобар е од оние од авон што сум ги користела, а ценава му е смешна. Воопшто не се размачкува и трае, дури тешко и се бриши. http://www.aliexpress.com/item/Blac..._2&btsid=455f6907-5224-490d-86f4-a12a041ebc6a
Поднесов диспјуп за една нарачка што не ми стигна во определениот период. Еднаш и ми го продолжи рокот селерот, ама пак ја нема. Му пишав неколку пати, или не одговара или е многу дрзок. На диспјутот не одговара. Како ќе знам дали е прифатен во моја корист или не? И дали има шанси да ми ги вратат парите?
Диспјутот е во процес е продавачот не одговара? Тогаш ќе заврши во твоја корист. Парите ќе ти ги вратат назад.
Си имам една мака. Пратките кога и да ги следам ми ги дава само додека се таму (во Кина). Наваму никаков абер, ама поголем дел ми стигнаа сепак. Имам уште некоја, и сега додека барам истото ми го дава. Најчесто барам на 17track, но и на други ми го дава истото. На нашава пошта никако не ми дава, ова го пишува No information, please check your item identifier. Различни продавници беа досега, на сите истото го имав дури и на самата страна каде што е инфото за пратката не даваше ништо... Ќе сака ли некој да ми помогне или да ми објасни што може да е проблемот?
Мислам дека пишував дека тракингот во последно време не е воопшто точен. Мене пример ми ги покажува кај нас веќе некое време, а пратките ги нема. Се додека ти стигнуваат , во ред е. Прати да не ти истече времето.