Јас да не се урочам , ама периодов имав неколку ситни нарачки, ептен брзо ми стигнаа, без никаков проблем, поштарот до дома ми ги донесе.
Еднаш нарачав не стигнаа работите. Сега порачав пак, и еве 1 месец уште ги нема. А во исто време нарачавме со золва ми. Нејзе и стигнаа мн.брзо, само мене не. Така првиот пат,така сега
во последно време за 2 недели стигаат тоа значи едно дека е опаднато порачувањето од али порано се чекаше по два месеци за пратка
пред едно да не излажам ама некаде 4 години кога почнав да порачувам од али стигаа пратките за 2 недели кога се крена прашина и луѓето разбраа за али се створи гужва и пратките по месец месец и пол се бавеа Сега народот увиде дека не е тоа тоа на сликите од квалитет зборам и падна продажбата и пратките се тука за две недели пак Сепак ова е само мое мислење не мора да е така
Здраво женски и по некое машко Ме интересира бидејќи прв пат се соочувам со ваква ситуација. Направив порачки две, но додека сеуште не беа пратени односно уште пред да почне да одчукува времето(онаа од 45-60дена), ми испадна нешто и ја откажав едната а по еден ден и другата порачка. Е сега едниот селер ми вратил дека парите ќе ми бидат вратени и секако ми стаса нотификација од него дека одобрил рефунд. Проблемот е што а вториот селер (каде што порачката беше многу поголема), сеуште не ми одобрил рефунд и ми стои во му ордерс и тоа со опција со две копчиња(track order i add to chard). Кога одам на track order ми дава нештокако спакувано спремно за испорака односно во транзит и испорачано од магацинот. Има ли шанси да ме зезнат ???
продавачот веке ја пратил пратката според ова што го кажуваш... обично преку WeDo express ако е пратена, коа ја следиш ти дава и како била спакувана коа ја пратиле
Јас утре ке одам до глсвна пошта. И јас отворив диспјут али селерот неке да прифати, тврди дека е пратена, незнам што да правам. До сеа се ми носел поштар до дома, дури и пред истек, а со ива прв пат се соочувам.. И јас се сомневам во наша пошта, незнам што да правам веке..
Веќе неколку дена не можам да отворам ни Wish list ни Cart, ми се појавува ова. Дали на некој му се случило ова и како да го поправам?
Биди упорна со диспјутот не го откажувај, ако селерот неќе да прифати откако ќе поминат неколку дена ако сеуште настојуваш да ти се вратат парите случајот ќе го превземе Алиекспрес тимот и ќе ти бидат вратени парите. Јас прашав во поштата неколку пати во што е проблемот бидејќи со месеци веќе не добивам пратки за кои пиши дека се стигнати во Мк и тие упорно тврдат дека пратката ја чуваат само месец кај нив и поштарот ги носи до дома, ама изгледа ако не одиш да си ја побараш нити ќе ти ја донесе поштарот нити ништо.. Тоа е тоа, кај нас е се неспособно се навикнавме веќе.
Јас пишувам и мобилен кога правам нарачки, неколку пати ми се има случено и да ми се јават од нашава пошта за да си подигнам пратка. Сепак и тоа е подобро отколку да дреме пратката во пошта.
Здраво, зошто не можам да платам на Али Експрес со Виза картичка од комерцијална банка и со Виза картичка од стопанска банка? Со двете пробав и не можам. Може ли некој да ми каже дали нарачувал со картички од тие две банки? БЛАГОДАРАМ
Здраво женски прв пат нарачав часовник пред неколку дена и денес ми стигна ова Status: The seller has shipped your order значи во пошта да побарам ???
Мора да биде девизна картичката. Jaс плакам со виза интернет картичка од стопанска, бесплатна е и веднаш ja издаваат, ставаш денари а кога плакаш автоматски се префрлаат во било коja валута
Имам пишано мобилен но досега не ми се јавиле да си подигнам пратка А заприметив кога ми ги носеше поштарот претходните пратки, стално ги носеше кога ќе стигнеа сите.. За една или две пратки не доаѓал, аман многу да не се намачи