Мене ми ја одбива. Дали е до новиот закон што Алиса спомна не знам,а од Стопанска банка ми е картичката.
zavisno kakva ti e mora da e taa edna plava vo fascikla kako sto ja pravat transakciskata smetka.. pisuva na nea samo za internet upotreba.
Знам, сум ја користела и претходно, немало проблем. Сега кога прочитав, пробав ми ја одби. Нецел месец не ми е користена.
@Antolinaa и кај мене ја одбиваше Visa картичката која веќе ми беше меморирана. Потоа пробав со Other payment methods и пак сите податоци од картичката ги внесов, така ми ја прифати. Пробај така.
За да не губам време во сурфање, може да ми пратите линкови од проверени селери и од чии производи сте задоволни за патики Nike (ми требаат за вежбање аеробик) и Nike Dri-Fit хеланки, маички и градник за вежбање. Фала многу!
Само стопанска измислено вакво нешто. Колку што знам со картичките од сите други банки можеш да плаќаш online. Ова може да е практично само ако сакаш да разграничиш плакањето online да ти е одделено од редовна картичка. Јас си плаќам со обична Виза електрон без никаков проблем и на локални сајтови па и на алиекспрес.
На групер и сл. си плаќам со обичната картичка. Ако мислеше на тоа. За алиекспрес, iherb, asos итн си ја користам картичката за интернет плаќање. @Mayyya Бидна, ја прифати
Мислев на тоа дека само со дебитните на стопанска неможе да се плаќа, мора да ја извадиш онаа специјалната испечатена на харија па пластифицирана. А мене ми е сеисто дали плаќам локално (групер и комуналии) или на странски сајтови (aliexpress, asos и сл). Сите тие користат исти безбедносни механизми така да нема разлика. или им веруваш или не им веруваш па користиш посебна картичка.
Здраво девојки, би сакала да ве прашам бидејќи првпат порачувам од интернет дали ќе треба да платам ддв и царина за телефонов кој сакам да го купам.Ќе сака ли да биде некоја љубезна да ми објасни околу тоа? http://www.ebay.com/itm/Original-No...33c46a3d94:m:mN7d_l9Mp9Y105D7yLi3_dw#shpCntId
Ако сака некој со повеќе живци и време да ми објасни што како треба за да нарачам нешто. Само што направив акаунт, ама врска си немам никогаш не сум порачувала.
Ќе може ли некој да ми каже до каде ми е порачката ако се разбира повеќе од овие работи , одамна имам нарачувано и има некои измени ништо неможам да разберам .Ви благодарам многу однапред <3
Со саати дремам на Алиекспрес, има многу убави бебешки работи, и на крај ништо не порачувам страв ми е дали и какви ќе ми стигнат пошто имам порачувано некои работи од една слична страница "Wish", и работите што ми стигнаа едно отварање одма во канта завршија, беа тотално различни од прикажаното на сликата и со катастрофален квалитет. Па сега не можам да се решам пак да порачам, а гледам овде има многу задоволни од порачките.
ако веќе нарачуваш,нарачај нешто од типот капчиња, патичиња, лигавчиња,играчки Јас тоа имам нарачувано и се супер ми стигна. Облека не би нарачала
Ќе се согласам со членката, кога веќе се работи за бебенце никако не порачувај облека, кинеска роба со сомнителен никаков квалитет
Многу се нервирам, често порачувам од алиекспрес и последните две порачки уште не се стигнати а се порачани уште декември месец. Ептен сумљам во поштата зошто на страната пишува дека се стигнати во Мк. Одговара ли некој за ова што ги снемува пратките? И дали ако се јавам на пошта има некој љубезен што ќе ми одговори. Има некој слично искуство? Ова веќе нема смисла
Јас си порачав часовник и две маски за телефон уште во Hоември, а од почетокот на Јануари пишува дека се во Македонија. Се мислам дека во поштата „магично“ исчезнуваат .