Онлајн шопинг Дгирл, зависи секој си има различно време кое му треба за да ја прати нарачката. Имало ситуација каде за 24 часа ми ја пратил, а еден му требаа 8 дена. Мислам дека имаше одредено време за кое мора да ти ја прати, ако не ти ја прати се откажува и ти се враќаат парите назад. За алиекспрес се надевам дека збориш.
Онлајн шопинг Да, за алиекспрес мислев, и пишува дека за 8 дена ако не е пратена ќе се откажи, па се надевам дека до тогаш ќе ја пратат. Фала
Онлајн шопинг Здраво дечки, Ме интересира за тие што купувале од Кина. Колку од прилика се плаќа за пошта? Нели тоа зависи и од големината на пакетчето? Дали е баш исплатливо? Фала однапред!
Онлајн шопинг кога ви ги враќаат парите од али, дали добивате известување преку меил или како и за колку време го добивате? Јас денес добив порачка но фалеа неколку парчиња накит, продавачот се соложи да ми ги врати парите за нив, но незнам сега како га проверам дали ми се стигнати парите.
Онлајн шопинг Заборавив да ти кажам, мене конечно ми ја покажа нарачката дека е тргната на 17track. Не била однесена одма во пошта Твојата тргната е? Ахаам и мојата веке некоје време е во Пекинг, се надевам дека наскоро ке не израдуват..
Онлајн шопинг http://www.aliexpress.com/store/605085 Тука има многу добри работи, сериозно предобри, да имам пари сите ќе ги купам, ситееееее(ок, скоро сите зошто има некои грдички хаха) Извинете ако некој пред мене ја има постирано ама немам забележано Туку јас сакав да прашам, овие работички што се на поголем попуст дали е безбедно да се нарачаат? Еве на пример овој саат - http://www.aliexpress.com/store/product ... =210541242, од 50 долари е симнат на 17 ама некако ме јадат некои сомнежи и не ми се верува Нарачувал ли некој од тие понуди до сега? Мене вчера ми стигнал новчаникот ама уште не сум го видела затоа што од кај другарка ми си нарачавме а таа е на одмор моментално, а сега си чекам уште три прстени и една ташна, во количка имам две узб стикчиња (не оти ми се потребни ама изгледаат како прасенце и човеченце од деспикбл ми хахах) и уште два прстени, алки, обетки, привезоци, маски... да не речам полна е тоа количката и уиш листата, до секој денар што ќе стигнам го ставам на картичка и пак не можам се што сакам да си купам, за ќотек суммм едно плаќам две нови ќе додадам, никако не можам на нула да дојдам со производи ама барем се тешам дека се што си купувам не е џабе и маста ќе му ја извадам од носење Женска работа
Онлајн шопинг Sorry, your payment was not successful! No money has been deducted. Reason: Your card issuer declined the transaction. Solution: Please make sure you are paying using a valid credit card. Please contact the bank or agency that issued your card. Има пари во картичката, пред 1 сат ставив. Порачката вреди 12.15 $ јас ставив 550 денари. Незнам каде е грешката ако можи да ми помогне некој.
Онлајн шопинг пред тоа имаше ли пари на сметката, ако ти се само тие 550 ден малку се, среден курс на доларот е 46.39 * 12.15 = 563.63, јас кога треба да внесувам пари доларот си го рачунам 48 ден, поради честите промени на вредноста на доларот. А може и да не ти се ни стигнати парите на сметката, бидејки си ги внела при крај на радно време и не се прокнижени, пробај утре пак.
Онлајн шопинг Е, значи малце пари се. Ах леле, треба значи да дополнам уште пари. Јас си прерачунав 550 доста ми дојдоа. Фала во секој случај
Онлајн шопинг Ќе ти стигне меил за рефундација (зависи од продавачот кога ќе реши да ги ослободи резервираните средства) и парите ќе можеш да ги видиш на сметка после недела дена.
Онлајн шопинг Е овие кинезиве стварно не се нормални На едно пакетче пишале дека вредноста е многу поголема од реалната, на друго па помалку
Онлајн шопинг Девојки, знаете некоја продавница за накит на алиекспрес, каде нема одредено минимална сума на нарачка? Сакам да си нарачам нешто, ама некако глупи ми се ограничувањава. Ако сакам да нарачам едно ланче, морам да барам и други производи од истата продавница или да платам поштарина, со што ќе добијам вртоглава цена...
Онлајн шопинг И јас ете го сефтосав АлиЕкспрес, така ми беше мерак да си нарачам нешто од интернет. Нарачав часовник за на рака, некои 4 долари, за и да не стигне да не се секирам за парите. Само што извршив уплата, самиот продавач ми пиша порака дека го имаат на залиха и дека ќе ми биде испратен, ако имам некои прашања и слично, да му пишам.
Онлајн шопинг Знае ли некој дали може да се врши плакање на алиекспрес со картичката на Стопанска Банка од десно што е на сликата ?!?
Онлајн шопинг ^ Од Стопанска Банка само со Виза Интернет картичката можеш да плаќаш онлајн, сите останати им се само за безготовински плаќања во трговската мрежа и подигање пари од банкомат.
Онлајн шопинг http://www.aliexpress.com/store/516399 Еве тука нема ограничување, и во продавницата поназад што ја постирав, има и други такви продавници прошуркај малку и сигурно ќе најдеш повеќе
Онлајн шопинг Девојки вака јас нарачав една кошула од алиекспрес,помина долго време и никако да ја добијам.Проблемот е што во тој делот кај нарачката ми пишува како да е пристигната.Му пишав на продавачот објаснив што треба тоа да значи,но поминаа веќе 5 дена и никако да ми врати,а баш фино и културно го прашав!Инаку на картичката парите не се вратени.Ова ми го пишува Status: Fund Processing Исто така пробав да видам до каде е пратката и гледам уште е во Кина,како така? можда и е многу просто и едноставно,ама немам многу искуство