Баш денес бев,чекам пратка од странство што веќе е стигната со сигурност ,и идам таа ме гледа како да и вперив пиштол ,уште аман бе девојче сто пати дојде,а во таа пошта прв пат стапнувам ,ми вика не знам јас тоа утре дојди си...море и утре ако ми се испонаша се прашувам од кај толкаво право?????Некој ќе ја плаќа таа пратка за што??така да ми се испонаша некој ми се повраќа искрено и од државава и од се.Прва прилика бегам од тука ова е више СТРАШНО!
Во превод немаме пошти во државава.Тоа е исто што некој ти краде работи па и плус се платени за тоа,ја се откажав од поимот пошта во државава,блазе си им на странциве што си имаат пошта.
На 15-ти јануари,нарачав 4 маски за телефон, од кои што ми стигна само една. Имам уште 6 дена деливери тајм, денес им пишав на селерите, од кои што едниот ми го продолжи времето за достава, за 30 дена и ми пишал, ако не стигне за една недела, да го известам, дека ќе ми ја прати маската повторно. Е сега, сакам да прашам (може е глупо, ама прв пат се случува да не ми се достави нешто), дали сеуште имам право да отворам диспјут? Еве да чекам уште месец дена, дали пред истекот на продолжениот рок од страна на селерот, имам право на диспјут и враќање на парите?
Женски дали може некој да ми пише најдобра страна за следење на тракингот? Мене на една страна ми вика не постои таков тракинг број, на друга дека е пуштена.. ми здосадиии ве молам хелппп
Имав нарачка од алиекспрес но не ми стигна а за ден-два месец ке мине... Како можам да напраам спор (извенете ама стварно не сум го работела ова нарачувањто и појма немам од таа страна)
Awaiting delivery Your order will be closed in: 26 days 10 hours 57 minutes Status: The seller has shipped your order Reminder: Your order should arrive within 33-56 Days, Factors such as delayed logistics and customs clearings may have an impact on the delivery time. 1. If your order does not arrive on 2017-04-07 , you can apply for a refund by opening a dispute. Ова само го гледам expire time.... појма неам каде е
значи имаш уште 26 дена дури да се затвори порачката..ако за 20 дена не е дојдена а и неможеш да ја следиш ќе си отвориш dispute....сега рано ти е
Моментално на Групер: Истиот часовник го имам купенo од Али пред скоро две години (плус ми беше и начекан на попуст) и кој, за жал, ми се расипа за многу кратко време по пристигнувањето. Моментално доларот кај нас е 56.8716, што значи дека часовникот во полна цена сега би ме чинел 143 денари. Селерот јас од каде што порачав веќе го нема часовникот но ако ви се допадна моделот, еве тука го имате за 1.99 долари, односно 111 денари.
Групер ги имам начекано со многу работи вака прават - ги нарачуваат од Али и после препродаваат како божем со попуст а цената до плафон
До сега се што порачав ми има стигнато, една пратка ми стигна на точно 3 месеца како ја порачав, а пред тоа веќе ми ги вратија парите
Гледам сте пишале околу неажурноста на нашите пошти и губењето на пратки.. Во моето 2 годишно искуство со алиекспрес за прв пат последнава година ми се деси на не ми стигнат 3 големи пратки, сакам да кажам големи во смисла на облека бидејќи досега порачував само некои тракатанци накити и такви глупости.. Пред неколку месеци ми се допадна една сукња и наметка за ептен примамлива цена, ги порачав, имаше и тракинг се, можев да ја следам пратката се до Македонија, имаше апдејт дека пристигна и во мојот град, се регуларно ама пратките исчезнаа, едноставно како да пропаднаа в земја и никогаш не ги добив. Бев во поштата секако каде што ептен дрско и незаинтересирано ми одговараа, прво не биле они задолжени за тие пратки само препорачани им стигале, а како овие од Алиекспрес стигале кај некој поштар што нема врска со нив, па после од нигде никаде „ископаа“ две други стари пратки како демек заборавени, не знаев како да реагирам бев толку изнервирана, прво ме лажат во очи дека кај нив не стигаат пратките па после магично се појавија тие стари пратки од кои веќе се имав и откажано, но секако кога видоа колку инсистирав и тоа беа пратки што на тракингот пишуваше дека стигнале уште месец што значи ако не отидев да се побунам немаше шанса да ми ги донесат до дома па нити да ми се јават да одам да си ги земам и никому ништо.. Денес бев повторно за пратка која минатиот месец пишува дека стигнала во Македонија а нема ни трага ни глас од неа.. Повторно со дрско понашање, па ме испрашуваа што била пратката, што имало внатре, колку коштала, не ми е јасно како смеат да прашуваат такви работи.. Стварно не знам каде треба да се обратиме и да побараме помош бидејќи ова што се случува стварно е надвор од контрола. Не ми е јасно како можат туку така да ги земаат работите, без ни малку срам, како имаат срце да ги однесат дома и да ги користат работите за кои некој друг платил, не ми е јасно како живеат со себе.. Па побрзо би одела во партали отколку да земам нешто кој некој друг си го бендисал и си го купил, не помислуваат дека можеби тоа му биле последните пари, можеби било за подарок.. Се згрозувам навистина.. Па уште и таа вработената ми вика со таква смелост „Па ако не ти дојде побарај си ги парите назад“.. Пишував за ова и порано бидејќи ми се деси неколку пати, ајде тогаш реков можеби стварно нешто се десило па не стигнале ни во поштата ама ова веќе стана често и тоа не само кај мене.. Едно ќе речам срам да им е и аир да не им видат на тие работи што ги крадат, дупло да им земи Господ!
^ ^Значи тие знаат и се сигурни дека ги враќаат парите и ги задржуваат за себе. А кај да се пожаламе за таквиот начин. Никој не сноси одговорност? Купувачот ќе ги поврати парите а продавачот е тој што губи. А и не ми е јасно како знаат што да задржат, ги отвараат па ги затвараат? Или еве вака ако не ги побара некој извесен период ги бутаат негде. Ако ги побара некој во ред ако не за нив страшна работа
Dolznost e na postata da prasa sto ima vo pratkata i kolku kosta. Ako se kaze povisoka cena togas baraat i da otvoris, da vidat , a moze i slika da se napravi. Zatoa i se plaka osiguruvanje na pratkata za da ti isplatata vo polna suma ona sto ne pristignalo vo rok od 24 casa od veteniot termin. Ako ne platite osiguruvanje na pratkata togas ako se zagubi nema nikoj da vi ja nadopolni stetata. Pratkite se gubat sekade vo svetot pa i vo Mk, nisto cudno.
Кога одам во "my orders" ми пишува: "You have appeal in process, please click " viem appeal" for detailed information. Што значи ова за каква жалба станува збор? Кога кликам се отвара маската за телефон што ја порачав. Имам и друго прашање како ги следете пратките? и што значи open dispute? Односно за што служи. Нова сум во ова па затоа не се разбирам многу сеуште.
Ако некоја од вас сега брзо има нарачано All Star, Nike или Converse патики (што личат на оригинал), ве молам пратете ми линк. Јас еднаш имам нарачано All Star, ептен сум задоволна од нив, ама селерот повеќе не постои.
Ве читам погоре за фрките со поштите, па пред десетина дена и јас се закарав кај мене во пошта. Ми пишуваше дека пратката е во таа пошта уште од претходниот ден, па отидов да си ја подигнам зошто поштарот често знае НА СКАЛИ да ми ја остави. Нит да се качи до тераса. Не зборам за сандаче зошто пратките внатре не ги собира. Во него би можеле картончето за подигнување да го остават, ако работат ко што треба нели... И отидов кај дотичните две во пошта и им викам пратка на тоа и тоа име. И ми викаат ај да провериме. И викаат нема. Им викам вчера во 19,31 ч. е регистрирана во поштава, не може да ја нема. И ми вика таа може е распоредена по поштариве чекај да проверам. И чекам чекам чекам и вика нема. И им викам епа ако ви е проблем да барате ако не да дојдам утре, само што јас дојдов сега во случај поштарот да не поминува утре па да си ја најдам на скали , ако воопшто си ја најдам. И ми вика таа а сандаче имате? И и викам тоа во сандачето не го собира. И ми вика па тогаш не гледам друг начин каде би ја оставил пратката. МОЛАМ? За што служат картончињата и да си подигнеме сами од пошта? Ако не комшиите што проаѓаат некои кучиња можат да ја завлечкаат пратката... И продолжуваат да бараат и ми викаат ај провери да не е во главната пошта, а не тука. И ме пукна некоја нервоза се логирам и им покажувам и двете викаат ааааа стварнооооо. И додека се туфкав јас нешто си промрчеа и ми вика едната ај кажи ми го бројот на пратката да ја проверам. Ајдеееееее и тоа и кажав. И вика да да тука е. И ја ископаа конечно и ми вика лична карта носиш? И и викам во кола ми е. Мора? И ми вика па меѓународна пратка е мора. А кога ми ја остава поштарот пред врата каква пратка е? Кој покажува лична карта м? Отидов и се враќам и ми вика ааа има проблем. И одма знаев. И и одговарам се водам на една адреса по лична карта, а моментално сум на друга. И ми вика ај кажи ми ја таа кај што си сега. Луѓе ви се верува ли дека сакав да ја запалам во моментот? Покрај се претходно не се увери дека јас сум јас, дека моја е пратката, па и лична карта па уште тоа ме праша на крај? И ми ја даде и излегов нервозна до немај каде... Сакам да ги пријавам, сериозно некаде. Само кажете каде може да се обратиме. Чекам уште некои ситнурајки и пошто се мали пратки некои не ни можат да се следат со бројот. Кој знае дали ќе си ги добијам. А сигурна сум дека 95% па и повеќе дека пратките стигнуваат во Мк. Само ненаситниве стоки наши си ги здиплуваат. И уште едно прашање. Сакам да извадам картичка само за вака од нет што си порачувам. Имам читано претходно за од Стопанска Банка. Колку се плаќа месечно што ќе ти ја работат? На НЛБ си имам Виза и не можам повеќе да порачувам со неа. ми бараат некој токен нешто не ги разбрав и месечно да плаќам по 70 ден. Зошто да им плаќам кога јас не порачувам толку многу и често?