И јас имам лошо искуство со алиекспрес кај толку многу се чека,па не си сигурна дали воопшто ке стигне пратката,неколку пати имам земено пратка оштена и не е таква каква што се гледа на сликата мора да има некоја фалинка.
До сега сум порачувала само некои ситници...Стасуваат за околу месец дена. Никогаш не стигнале оштететни...Во глобала задоволна сум, но никогаш не би порачала нешто што чини многу пари.
Порано имав читано дека ако нешто кошта повеќе од 45 евра (мислам) дека можело да настане проблем на царина и да бараат дополнително да се плаќа. Вистина е или не? Сакам да купам нешто што кошта 80 евра, ама страв ми е да не ми го задржат на царина, да не имам некој проблем. Има ли некој вакво искуство, да ме посоветува што да направам. Поздрав.
Да вистина е дека на производ над 45 евра се плаќа царина + данок. Ама не се знае дали ќе ја имаш таа (не)среќа да ти го царинат. Кинезите и вообичаено ставаат пониска цена заради ова, ама не можеш да бидеш сигурна никако.. Ако ти се ризикува, нарачај си.
Сакав да прашам, за производи над 45 евра што може да ги задржат на царина, дали истото важи и ако доставувачот е ДХЛ? Ако доставата не е преку пошта, како што е обично, туку преку ДХЛ со курир до дома го носат, дали сепак постои ризик да ми го задржат производот или не? Или нема врска тоа, исто си важи, ако имам среќа ќе пројде, ако не нема?
Имам порачано пратка од алиекспрес, сега ми стаса документ за царинење на пратката и ми бара некој документи да пратам. Имал некој искуство со ова да ми објасни подетално какви документи се потребни.
Jaс имав нарачано бонсаи и ми стигна гратис паќетче со друго семе. Од тоа што го нарачав не нарсна ништо, а пробав на неколку начини, а од другото трева.
Треба да ја пратиш извршената уплата барем мене тоа ми побараа. Ама јави се на царина ќе ти објаснат се детално.
Порано можеше да си отворам диспјут пред неколку дена пред да заврши рокот,сега мора да се чека до последниот ден.
Кој има живци нека го чита мојот пост хахаха Знам дека сме 21 век и дека во темава се испишани цели 285 страни во кои ќе си ги најдам одговорите, ама кој ќе чита толку страни.. Кооонечно се наканив да почнам со нарачки, па ако има некој живци да ми објасни како да направам акаунт и со каква картичка се нарачува? (дебитна, интернет картичка и сл...) Фала однапред. Неможам да се редактирам, се снајдов јееее Останува прашањето дали може со обична дебитна картичка или со таа за интернет нарачки?
Јас кога ја земав дебитната ми рекоа дека може со таа да вршам плаќање на интернет, веројатно е така и за тебе.
A како да ја најдам и каде да ја пратам? Се извинувам ама немам искуство со овие работи така да појма немам.
Сaмo мене ли 50% oд нaрaчките не ми стигaaт? И кoгa и дa им пишaм нa селерите, ми викaaт декa прaткaтa е стигнaтa вo Мaкедoнијa, зa пoнaтaму не знaеле.
Не само тебе. Еве истото ми се случува и мене,од пошта ми викаат дека нема стигнато,селерот вика во твојата земја е пратката,стрпливо чекај. Ексик и пари и с`e,ми се одмилуваат работите после два месеци чекање и плус нервоза ме фаќа.Не знам каде е проблемот,aма имав пратка од IHerb и таа нормално си стигна,пред рокот дури.Изгледа ова се случува само на Алиекспрес..
Ами, пред некој ден кога стигнав на работа гледам во поштенското сандаче стутукано и набутано пакетче од aliexpress, чисто колку да се знае за кој стан е. Да сакав можев да си го земам и сигурна сум дека некој си го зел. Епа не стигаат после, од неодговорни поштари не стигаат. Кога порачував на адреса во СК, секогаш ми ги носеа кај комшиите затоа што не можеа да ме најдат дома. Зависев од добрата валја на комшите да ми ги дадат. Плусј ас сум стварно малку дома, па остануваше цимерките да ги превземаат од комшиите. Затоа од кога се преселив да живеам сама си нарачувам на адреса во родниот град. Стигаат кај мајка ми, таа ги собира и јас си ги земам кога отидам. До сега една ми нема стигнато, ама и селерот појма немаше кај е, матеше нешто. Затоа поштено ми ги врати парите.
Нарачај го производот т.е купи го и пиши му на продавачот да ти стави цена до 30 евра. Комшија направи така 2-3 пати и немаше проблем. Не е сигурно само дали ќе ти одговори продавачот на пораката но откако ќе го нарачаш производот пиши му, па ако не врати за ден или два откажи ја нарачката Преку Дхл сигурно го царинат. Се освен писма задржуваат и за се треба да имаш фактура што си купила. Не само што е подобро туку е и полошо во поглед на царината. Единствена предност е што наместо 20-50 дена пратката ќе стигне за 3-4 дена со 100% сигурност
Здраво на сите. Сакав да ви го споделам https://alitop.mk . Портал на кој што се излистани рачно избрани продукти од Алиекспрес. Дали ви се допаѓа концептот и изборот на продукти?