Знам за што зборуваш, ама селерот може да плати tracking само во државата на испраќање (и тоа е нагласено), па тогаш можеш да го следиш пакетот се додека не ја напушти Кина. Јас обично нарачувам дрангулии, па никогаш не сум имала tracking во нашите пошти, милион пати сум пробала да ја најдам пратката, не ја дава, а таа тој ден, или за 2-3 дена ми стигне на врата. Едит, признавам : сега проверив неколку стари пратки. Ама брзи бе, за еден ден од Скопје до врата ми ги носеле
Ете, се разбравме на крај што сакав да кажам Селерот е одговорен за оној авионски tracking до кај е, но штом имаш бројче на пратката секогаш можеш да го провериш кај нас во пошта дали е стигнато, пошто тоа го внесува нашава пошта, нема врска со селерот
Абе сум проверувала јас, ама ти викам, никогаш до сега не ми дало ни една пратка а ми стигале неколку дена подоцна. Ама еве што бил проблемот, пребрзи биле
Ми пишува дека две пратки се во мк стигнати пред три дена, а поштарот уште го нема...да не знаете кога ги носат? Дека више пред 3 дена се во мк
Ете провери си на сајтот на пошта (на предходната страна од темава имам ставено линк) до каде е пратката, дали од главна пошта е префрлена во локалната. А и зависи од поштарот, дали оди само одредени денови или како овој кај мене кога како ќе му текне.
Дали некој досега платил царина за нешто од Алиекспрес? Дали пишуваат помала цена на пратките што се над 50 евра?
Добро, што е со пошта? Не носат пратки до дома веќе или така само од локалната ги мрзи? Вработениот на шалтер кај нас кажал на некој да каже на моја роднина да ми каже мене дека имам пратка во пошта, да отидам да си ја подигнам глув телефон ќе играме, луда работа. Дали им здосадило секој втори ден да ми носат по нешто
Ама ти стига картонче, нели? Или било какво известување. А не преку тројца да ти праќаат порака, како преку гулаб. На ништо не личи.
А зошто да не ги носат? Мене не ми прават никаков проблем, ако ми е блиску и поштата сепак сè до врата ми носат. Глупости, зошто се пошта.
Не знам, прв пат ова ми се случува. Вчера ми рече братучедка ми дека дечко и и рекол дека татко му му рекол дека имам пратка, да идам да си ја земам. Денес не ја донеле. А претходно уште пред разденување ги носеа, поштарот беше таков што до 7 си ја имаше работата завршено и сите пратки ги имаше доставено Плус секогаш мали работи нарачувам, ова футрола за телефон е, ништо трагично. Безобразни се ако не ја донесат.
Decki help! Tek sega ja vidov temava, valjda deka na kirilica ja barav Do 15.01 traese buyer protection, stisnav open dispute na 13. 01. Mi ponudija da prodolzat rok do 25 ti ako ne stigne da mi vratat pari. Ne se soglasiv ( naracav komplet so natpis my first Christmas, so ke mi e sega). Denes livce vo sandace najdov da odam da si gi podignam pratkite. Ako ne gi podignam vo rok od 7 ili 10 dena mi se cini, ke gi vratat nazad. Samo da ne bide ni jare ni pare. So vikate? Da vrakjam ili da zemam i kjutam
Што да се праи во ситуацијава сега? Нарачката ја чекав скоро 3 месеци, и помина рокот за достава и стиснав dispute Селерот замоли да чекам уште, ама си побарав рефунд на пари Диспјутот ми го одобрија, значи ќе ми ги вратат парите, а пратката ми стигна денес Официјално кај нарачката ми стои како завршена Да пишам дека ми стигна или готово е више?
чим е пратена нема начин да ја смениш,можеш да ја смениш адресата за следните нарачки, Иначе на Алиекспрес сега стигнуваат нарачките за разлика од порано .. чим стигнат во мк .им ставаат нов тракинг број и ја следиш кога стигнала во поштата во твоето место ...многу пати гледам стигнала во петок во пошта се гледа на следење на пратки ..а веке вторник поштарот уште не ја донел и си одам директ во пошта да си ја подигнам со македонското бројче за следење што се појавува.. а од Ebay од една нарачка .порачав платив и за два часа го снема продавачот ...па не можеше да се стисне копчето за откажување,следен пат порачката воопшто не стигна...иако стиснав за враќање на парите од таму рекоа дека ке пратат повторно но не пратија ... а трет пат нарачувам три дерморолери стигаат три кутивчиња од кои едното беше празно ...платив за три добив две .. и веке од таму не нарачувам.Алиекспрес е посигурен . А иначе за најновата пратка ,продавачот ми пиша порака дека видел дека пратката е веке во мк .за да дадам фитбек ...штозначииони сево тек дали стигнала пратката или не
Не е дека толку AliExpress е посигурен, туку ти не си налетала на нормални селери на Ebay Имам преку 30 работи нарачано од Ebay, и поефтини и поскапи. Сите освен две ми стигнаа - за тие две ми ги вратија парите, а дури и за неколку кои стигнаа ми ги вратија парите бидејќи доцнеа многу, а на крај стигаа. Пред да нарачуваш гледај колку продажби има извршено селерот, од кога е зачленет, какви се рецензиите од дотогашни купувачи, па дури потоа реши дали ќе купиш нешто или не
Благодарам MagsDestiny ,следен пат ке обратам внимание на работите кои ми ги посочи . Ако си при крај со времето отвори диспуте, еднаш истоми се случи нарачката ја немаше,па стиснав да се продолжи времето за достава.. го продолжија .и на крај коа не ми стигна нарачката им пишав да ми пратат повторно или да ми ги вратат парите и ми побараа Pay Pal ...и отидов на страницата на payPal си отворив аконт ...(како се прави тоа имаш на youtube videa),им ја пратив адресата за да на крај ми кажат дека,во нашата земја не можело да се вратат пари на PayPal ..ја немало таа опција ...