Дали има некој искуство со нарачки над 45 евра? како што стои на сајтот на царина, се плаќа ддв 18%... дали ако е пратката пратена како подарок, ќе се ослободи од ддв?
Ако ти се 45 евра од различни продавачи, нема врска тогаш, сите посебно ќе ти стигнат. Јас неколку пати имам порачувано над 50 долари од Али, ама сите производи биле од различен продавач. А ако од еден продавач на алиекспрес порачаш 45 евра, веројатно ќе ти наплатат нешто царина, што ќе треба да го платиш кога ќе ја подигнуваш пратката од пошта.
Да да тоа разбирам, но прашувам дали има некој искуство со примање нарачка над 45 означена како gift и не платил царина?
Пратката ми стаса после 2 месеци + - денови. Поради празниците доцнеше. Сега чекам уште една пратка, маска за телефон.
Не најдов тема за wish.com, па да прашам тука. Дали некој нарачувал од таму. Нарачав 4-5 работи, сите имаа околу 1 месец испорака (барем така пишуваше), едно стаса за 2ипол недели и многу бев изненадена, ама еве на сите им дојде и пројде крајната дата, нигде ги нема. Имате ли искуство дали како од алиексрес може да стасаат после 2-3 месеца?
Ако го гледаш на следење на пратки на нашава пошта ако го дава како непостоечки значи уште нарачката не е стигната во нашава држава а посебно сеа мн доцнат. Мене петокот ми стигна нарачки уште од декември месец ,така да почекај да видиш и гледај ги деновите за пристигнување да не ти поминат. Некоја девојка искуство со туш за очи од алиекспрес али туш како маркер што е не со четка? Фала Упште нешто ако може некој да ми помогне или со слично искуство нарачав педерка на трацкинг ми даваше прво се во ред пуштена нарачката потоа ми даде Shipment cancelled што може да значи?Да не е поради ова нивнава кинеска нова година па све да им е стопирано?
Да му пишеш на продавачот порака да му објасниш за кодот дека не го пронаоѓа и која би била причината. Ако си нарачала сеа деновиве може да е поради нивната н.година
парите се зимат одма а дсли е пратено ќе отвориш на my orders ќе отвориш порачката и ќе видеш таму пишува
Нарачав во Јануари. Иначе му пишав вчера, не сум проверила дали има порака. Едит: Ми нема ништо вратено.
Има некој порачувано пижами од али? Како сте задоволни? Иначе јас од странава единствено од маските за телефон не сум задоволна, од три порачани, и трите ми ги утнаа
Планирам да нарачам мобилен од алиекпрес. Смартфон (понискобуџетен) околу 40тина долари (колку што видов беше со бесплатна достава (*free shiping). Дали е можно нешто царина да наплатат? Јас лично не вервам, ама првпат телефон нарачувам од aliexpress, па да си прашам .
Ќе може некој да ми каже за што служат овие Aliexpress select coupons? Никогаш не сум сфатила како се користат...
И мене ме интересира. Јас ги собирам по денови т.е. ги кликам. Дали сајтот ги доделува или самиот селер ни мене не ми е јасно.
И јас имам доста и затоа сакав да прашам. На секоја распродажба многу ми се собираат, а никогаш ги немам искористено.
Селерот одредува дали ќе дозволува Селект купони, плус важат за нарачка над одредена вредност. Скоро па бескорисни, ако ме прашуваш мене...
Луѓе што е работата со многу производи и селери на Али пишува дека не можат да бидат испорачани за Македонија..? Да не ја укинуваат нашата земја заради овие крадциве наши
И јас баш пред некој ден го приметив тоа сакав ташна да нарачам стварно незнам што се случува ќе испратам порака на некој продавач и ке ти пишам можно е и јас помислив дека ќе ја укинат нашава држава за испраќање