Што не доставуваат до Македонија сум сретнала 2-3 само, ама на многу работи ние имаме шипинг, а за други држави во околината нема. Дефинитивно сме на црна листа.
Јас порачував пред Нова година некои ситници и сите ми стигнаа. Ама приметив неколку селери што не праќаат повеќе кај нас.
Даа јас имав нарачано трепки и четки пред неколку месеци и ми стигнаа се супер, и викам сега пак од ист продавач да си нарачам што си е сигурно, сигурно. И гледам сега нема достава до МК. Не имаат објавено за ризична земја.
Имав порачувано од еден селер облека многу пати, без шипинг беше и секогаш стигнуваше супер брзо отприлика за 15 дена максимум, баш преѓе отворив и видов дека на сите артикли пишува дека не може да се испорачаат за Македонија, после заприметив дека и кај многу други селери е така
Јас имам порачано работи во јануари и февруари ,сите се испратени, ама веќе е март и уште стојат на сред пат и не мрдат.... незнам што е проблемот, ќе ги добијам ли воопшто порачќите!?
Малце доцнат пред и после н.год и нивната кинеска нова година во фебруари провери на странава http://www.posta.com.mk/TrackTrace/index.html може се стигнати мене на али ми покажуваше на пола дека се ,отварам на нашава страна таа стигната. Или пиши му на селерот Јас некои нарачки ги чекав 3ипол месеци Почекај чим уште ја нема кај нас мн се чека од нивната н.год или пиши му на селерот и пази ги деновите што се избројуваат. И јас вака се нервирав кога чекав ,нема др избор освен чекање
Луѓе прв пат порачав нешто од алиекспрес и сега сакав да ве прашам дали ке ми стигне некоја порака или нешто кога ќе биде во македонија и дали пратката ја носат до врата или треба во пошта да одам ?
порака не стига туку следиш на тракинг, а пратката дома ти ја донасат, ако не знаеш како са следиш оди на my orders и таму ја дава порачката отвараш ја и кликаш трак
И мене вака ми даваше за маската за телефон кога ја чекав и после неколку дена ми ја донесе поштарот неочекувано. Ако е ситна порачка не се замарај ќе стасаат каде и да е.
Треба да отворам диспјут до 12 април бидејќи не ми стигна една пратка. Јас ќе одам секако утре во пошта, но муабетот ми е дали некоја знае кога се отвора диспјут што да стиснам бидејќи еднаш пробав и ми бараше и слика.
Јас неколку пати отварав диспјут и до сега сите се решени во моја полза. Прво што мораш да направиш е да му напишеш на продавачот да го продолжи рокот за заштита, за испорака, не знам како се вика кај нас точно. Од ова ќе направиш скриншот и ке им го доставиш на алиекспрес кога ке го отвараш спорот. Тоа ти е доказ дека продавачот не комуницира со тебе. Немој да се мислиш дали да отвараш диспјут или не. Од моментот кога ќе ти заврши рокот за испорака имаш околу 15-20дена за да го отвориш спорот за да си ги вратиш парите. Не ли го отвориш до тогаш, алиекспрес смета дека си ја добила нарачката и му ги префрла парите на продавачот. Од тој момент веќе ни случајно нема да успееш да си ги вратиш парите. После веќе кога ќе решиш да отвориш диспјут постапката е следна: 1) Отвори ги нарачките, притисни на копчето Open dispute што се наоѓа до нарачката, ќе те префрли на страната за самата нарачка и таму пак ќе притиснеш на копчето Open dispute 2) Притискаш на копчето Refund only, ќе те префрли на следна страна каде што ќе треба да наведеш информации. 3)Кај опциите идеш вака: I want to apply for:refund only, Did you receive the item?: No, Reason for refund request: logistics tracking problem, на следното бираш Purcase protection is running out, but package is still in transit, refund amound: ја наведуваш целата вредност на производот ВКЛУЧУВАЈЌИ ја и доставата, Please write your request detail: е тука срце мое си ја празниш душичката, си кажуваш дека веќе поминал рокот за достава од 2 месеци и твојата нарака сеуште не е пристигната, дека како што покажува и скриншотот, продавачот апсолутно не комуницира и не е услужлив и за крај(затоа што нели не е набројување ако нема 3 точки) потенцираш дека бројот за следење не е валиден. Кај Upload evidence го прикачиваш скриншотот и чекаш понатаму како ќе се одвива процесот. Обчно следниот ден добиваш порака од продавачот со текст од типот на: Извинете што пратката толку ви касни, ама ве молам почекајте ја уште икс денови. Обично кај мојов икс пишува 7-10 дена. ВНИМАНИЕ! Ако пораката ти ја прати на тебе лично, а не преку самиот диспјут како одговор, одма кажувај му не. Од моментот кога ќе го отвориш диспјутот комуницирај со продавачот само преку диспјутот. Тоа ти е официално пред али како пред суд. Ако ти ја прати пораката преку диспјутот, почекај 7 дена и ако не стигне до тогаш продолжи со диспјутот. Ако не ти се чека слободно кажи му дека 2 месеци му беа доста. Ако во рок од 5 дена продавачот не изреагира на никаков начин преку диспјутот(пошо има доста продавачи што си поставиле автоматски систем и не се замараат со комуникација со купувачите), алиекспрес автоматски го решава диспјутот во твоја полза и во рок од 3-20 работни дена ти си ги добиваш парите на сметка. Извинете ако сум малце понервозна отколку што треба, ама додека го пишувам одговоров отварав диспјут за производ што го чекам од Декември. Се надевам дека ќе ви помогне мојов одговор.
А и уште еден совет плус. Кога ќе ви стигне пратката ве молам снимајте додека ја отварате. Така ако испадне дека ви пратиле камења наместо тоа што сте го нарачале, можете да му докажете на алиекспресс дека не сте го измислиле тоа за да добивате работи гратис туку затоа што треба под итно да им ја затворат продавницата. Важно е да ги снимите тие информациите со име, презиме, адреса, трекинг број и самата пратка целосно, за да не испадне дека ја отварате праткава само од другата страна.
Леле луѓе јас сум премногу смотана, се изнакликав повеќе производи да ги купам арно ама само првото име си го пишав и тоа скратеница. Првиот производ дојде и ми рекоа дека не може секогаш вака, може некогаш да ги враќаат назад поради тоа а мене воопшто не ми текна коа си правев акаунт да сменам у целосно име кај адресата. А не можеш да смениш име кај производот ако веќе е пуштен за испраќање. Дали и на некоја и се има случено ова или јас сум посебен случај...
Не знаев каде да го ставам ова, па ај темава ми изгледаше како океј место, бидејќи најголем дел од шминките се порачуваат од али. Не ризикувајте за некој денар помалку да купувате фејк шминки од али, никој не ги контролира што и како ставаат во нив. За лице се работи сепак. Се згрозив кога прочитав човечки фецес дека содржеле.
Јас си порачав крем хајлајтер, повеќе од љубопитност, на опаковката ги пишува сите состојки па ги проверив и на cosdna и сите се во ред.. Еве го користам некое време и немам никакви проблеми инаку имам најосетлива кожа на светот склона кон акни, така да штом мене не ми се случи ништо, во ред е П.С И преубаво мириса
Focallure се регулирани, кинески бренд се. Сите што се пишуваат како брендови се регулирани од прилика на исто ниво како да купуваш американска козметика. Некои од тие брендови продаваат реплики или производи кои се инспирирани од познати брендови. Безбедна козметика од алиекспрес се: Beauty glazed, Focallure, UCANBE, Maria Aora, Anmor Beauty, Maange, O.TWO.O и некои други. Битно е да имаат сопствени фабрики и да се козметички бренд, тогаш се регулирани. Во спротивно, кога прават козметика на диво, појма немаш што добиваш.
Тогаш можам да замислам што се содржат сите фејк производи од познати брендови што сум видела да ги продаваат на Бит Пазар и на други места кај нас