Онлајн шопинг Феминки дали некој знае на алиехспрес оние производи што се на шопинг фестивал цените што им се по 0.10 до 1 $ на пример ,тие им се вистински цени ? Има ли некој нарачано ? Пошто најдов купачи за 0.18 и сеа се чудам дали стварно се толку пари или не ,пишува дека има 99 % попуст
Онлајн шопинг Не знам што мислиш под тоа „сигурна“....моите производи стигнаа. Ако не стигнеа, ќе пишев убо лепо и ќе ми ги рефундираа парите, зошто Алиекспрес ги префрлува парите на продавачите дури откако ТИ ќе кликниш дека си ги примила производите. Поентата е дека не можеш да лажеш, зошто и тие во истиот момент си добија нотификација дека производите се доставени, нашите од тука ги известиле
Онлајн шопинг И конечно стигна пратката од алиекспрeс, точно за 31 ден откако ја нарачав. Уште не сум ја подигнала, ќе одам набрзо, се надевам дека се ќе биде во ред. Ќе ви пишам вечер дополнително впечатоци, и ќе го постирам и селерот кој е заинтересеиран да си нарача. Не беше толку голем периодот за чекање, се мислев дека за покасно ќе ми стигнат, ипак Кина е у питање.
Онлајн шопинг Како што ветив,ги отворив пред малку и не фалеше ништо сите нарачaни стигнаа во здрава состојба, дури имав и гифт едно ланче дадено од него,зашто незнам, фала му Не ми се свија ланчето нешто посебно ,ама па и не е грдо ,одма знам на кој ќе го подарам. Значи 16 паричиња за 620 денари. 7 ланчиња, 2 пара обетки и останатите прстени. Само од еден прстен не сум задоволна воопшто, нема врска со сликата, и претересен е, а јас немам ич дебели прсти. Но не се каам ич пола долар беше, за 23 денари не му ја мислам ,некој кој има тесни прсти ќе си го добие на подарок,среќа само еден е таков а другите се стварно сосема океј. Селерот од кај што нарачав- http://www.aliexpress.com/store/415916 Дефинитивно ќе земам пак, и не само од него, ќе пробам нешто поеклузивно и поскапо, овие моиве се пообични и секојдевни работи сите испод 1$, само две ланчиња беа по 1.5$ Голем дел од работиве ги има по нашиве продавници за накит посебно дуки и дасо,се им е од ибеј и вакви страни. За страниве на фб да не збориме,знам со сигурност дека од тука нарачуваат, само продаваат по 3 пати поскапо.
Онлајн шопинг За алиекспрес ќе коментрам, ова кинезиве не се нормални. Јас им откажувам љубов и на аксесорис и на асос. Луѓе истите работи, нормално копии ама доста солидни, а дупло- или три пати поевтини. Што се нема, јас сум запрепастена На другарка ми и стигнала кошулата вчера, малку е потесна, али многу слична копија од Зара, разлика може да претпоставите колку голема. Цела недела листам неможам да долистам.
Онлајн шопинг По процентите на продавницата-feedback score: и Detailed seller ratings (out of 5). Гледај да бидат барем до кај 90 проценти, и колку задоволни а колку незадоволни муштерии. И гледај колку вкупно има муштерии, јас избегнувам да гледам селери со испод 100 муштерии и од скоро време почнале со работа. Посебно на секој арткл,гледај фидбек доле читај коментари, посебно за облека ако планираш да нарачуваш, ма и за се, какви се коментарите. Ако никој не е заодоволен, веројатноста е голема дека и ти нема да бидеш. Ако има позитивни коментари тогаш веројатноста е поголема дека и тебе ќе ти се погоди. Но нико ни је сигуран Се шалам не е никогаш 100% сигурен дека ќе ти стигне. Тука има и други фактори кои влијаат, ќе се изгуби по пат може и да се оштети дури. А за пари мислам дека е сигурно,зашто алиекспрес всушнос е Escrow или посредник помѓу селерите и купувачите. Парите им легнуваат нив на сметка, и откако ќе ти стигне нарачка и ти потврдиш на странава дека е така, им ги префрлуваат парите на кинезиве. Значи нема можност да те зафркава некој кинез со лош англиски и да несакаат да ти ги врати парите.
Онлајн шопинг Можеш да купуваш со каква било виза или мастер картичка на алиекспрес не ти треба да имаш пејпал за таму .
Онлајн шопинг Девојки во врска со алиекспрес,кога имаат наведено мин. 10 нарачки се мисли на целиот асортиман од нивната продавница ти да си комбинираш да си бираш?
Онлајн шопинг Ме интересира кога порачуваш од алиекспрес после колку дена ја испраќаат нарачката ,пошто уплатив во петокот а сеуште ми немаат пишано дека пратката е испорачана
Онлајн шопинг Вчера ми пристигнаа дома 3 пакетчиња од алиекспрес - 2 со бижутерија и 1 ташна + нешто да подигнам од пошта Бижутеријата е ОК, не ни очекував нешто спектакуларно во секој случај. И онака повеќето работи ќе завршат кај други, јас само сакав да проверам дали и како ќе стигнат Ташната е баш добра - „кожата“ е мека, многу добра изработка, се` на се` - ептен вреди за 8те долари Да ја земам пратката од пошта и за неа ќе ви пишам
Онлајн шопинг Ај сега да ви кажам за патешествието во пошта Одам на шалтер да си ја подигнам пратката, давам лична карта, гледа жената, споредува, и ми вели: Не може да ја подигнете пратката. Зошто?! Зошто адресата на испорака и на лк не ви се исти + испраќачот пишал само име, ама не и презиме, што значи - Не знаеме дали сте вие таа Митра на која е испратен пакетот. ВТФ? А оваа потврдава за подигнување пакет украдена ми е од туѓо сандаче? Правила, правила, во ред, почитувам....ај на друг влез, на друг шалтер, со контролорот да сум правела муабет, да решел тој што ќе се прави, оти ако не се најде решение - пратката ќе се вратела на испраќачот. На пат кон контролорот, во тој велелепен комунистички замок од картон, се закачив со една полудена таму, која 20мин ме убедуваше дека јас сум требала да одам во МВР и да барам промена на лк заради промена на адреса на живеење А бре жено, што те боли тебе таска балабанова на која адреса живеам и на која се водам?! Ова ми е адреса на испорака, таа ако сакав можеше да биде и во Валандово, проблемот е што испраќачот пиша само име, па не може да се потврди дека сум јас! Не, да си ја промениш личната карта. Ај пријатно, дај контролорот да зборам со него! Ево ти го и него, излета од меѓу кутии и писма. Кажувам што е маката, ме гледа бледо и ми вели: И сега што сакаат јас да направам? Ме прашува мене....што сакале тие....да направи тој.... Оооооо туго мајко, од кај да знам, јас само сакам да си ја земам пратката! Фер испадна во секој случај, им рече Повлечете ја кај нас (кои и да се тие, демек друг оддел, кој ги знае), јас ќе потпишам и дајте ја пратката на девојката. Што да ви кажам, уште брис од таска да ми земеа, сва среќа знаат дека не смеат да копираат лк, па не го побараа тоа. Арно не ја проверија, тоа килограмот хероин може сомнителен ќе им беше Како и да е, ЈА ДОБИВ НА КРАЈ пратката, после 1 саат наваму-натаму, ама се исплатеше, зошто јакната (за мм) е ПРЕУБАВА, баш како на сликата, и баш димензии какви што пишуваше. Наравоучение: ОБАВЕЗНО И ПРЕЗИМЕ на вашиот акаунт и за секоја нарачка, да не имате дополнителни проблеми во пошта. Мада не би требало, ако лк ви се води на адресата на која живеете, ама за сваки случај, ова е Мк, никад се не зна
Онлајн шопинг Денес ја добив мојата батерија за лап топ порачана од Али Експрес на 26 Март, ми стигна на домашна адреса, а другите работи кои ги порачав на ист датум, па и порано не се уште стигнати, ама се надевам дека ќе стигнат во скоро време.