Да одиш во пошта со бројот на пратката ,ако има потреба и тужба знам мн луге што ја добиле тужбата бидејки нашиве крадат
Чудно ми е да крадат и да се групираат за 100-150 денари (по толку најмногу се и двете пратки), во мало гратче кај што сите ги знаат. Поверојатно ми е дека ги фрлиле некаде од што ги мрзи да ги достават
Мене лани исто ми се случи, една помала пратка и другата поскапа, ме убедуваа дека ми е доставена. Отидов и направив џубмус таму, пошто со фино не се разбираа, и по еден ден ми јавија дека ја пронашле. Ахам шур..
Абе нема ни кај да ја изгубат, мала е поштата. Знам кај ги чуваат пратките. Стварно не ми е јасно што се случува.
Ако не е изгубена, тогаш е украдена. Имаше скандал нели пред година две, фатени како крадат. А вредноста не им е битна, секоја пратка е добра пратка баш дека со помала вредност, рачунат нема да се дигне галама
Многу пратки ми ги немат доставено дома,пишува на мк пошта дека биле кај мене дома ама немало никој дома,е како бе сите дома ми беа тој ден па уште и на тошо се прават во пошта уште ме убедуват картонче оставил поштарот црно картонче немаше! Па одев таму си ги подигав пратките зашто ги мрзи да достават . Иначе да крадат све што ќе им дојде знам случаеви каде што се украдени патики,маички и др гардероба. Имам познаник негов татко во пошта работи ми вика а веќе тоа не го прават не крадат не смеат сеа рака да подадат и му викам оф бе не краделе ,крадат како луди џабе е се само раце треба да им се искршат за да не им текне сл пат. Ајде не ми е за 100-150 денари ,ама зашто бе да ме краде па јас ако не сум и сите ние др они плата нема да земат ама тоа е таква гнасна нација сме и тоа е тоа
Направив нарачка уште на 31ви минатиот месец, но пратката не е уште испратена. Пишува дека доколку испраќачот не ја прати во рок од 3 дена, ќе биде прекината. Прашањето ми е дали доколку стиснам cancel order ќе ми бидат вратени парите и ако да за колку време?
Мислам не... мојава пратка не е стигната 2+месеци.. цело време контактирам со испраќачот, имало застој во пратката, па во трает била, и цело време ми го продолжува времето. Моментално завршена е пратката а уште ја нема :/ прв пат ваака
Случајно да не е до Грците протестират во солун на пристаништето ниеден брод и траект не пренесува роба
Треба да чекаш точно кога ќе заврши и да пуштиш порака дека не ти стигна пратката и тогаш ќе ти ги вратат парите
штом не е ни испратена автоматски нарачката е одкажана парите би требало да ти ги вратат во рок најмногу од 7-20работни дена
Ако ти ја откажеш нарачката ќе треба да почекаш продавачот да ја откаже нарачката или па моќе да си почекаш автоматски да се откаже кога ќе измине рокот за праќање. Во двата случаи на откажување парите се враќаат на сметка за 3-10 дена.
Јас имам порачано 3 нарачи од таму до сега една е стигната сите имаа рок до 19септ. Прво ми стина таа што е последна порачана односно на 17.08 додека пак тие претходните сеуште ги нема а се порачани на 24 и 25 .07 месец. Ќе ги чекам уште може ќе стигнат до сега само една порачка ми нема стигнато ниту пак ми пари имаат вратено.
Мене до сега се што сум порачала ми стигнало, два три пати стигна за три месеца , а јас пред тоа отворив диспјут за враќање на парите и ем пари вратени ем стигната пратка за без пари Сега чекам едно ранче за синко, порачано ми е на 18 јули, ако не стигне за некој ден ќе отворам пак диспјут, баш ме чуди што го нема освен тие две три пратки се друго ми стигало во рок од месец дена
Искрено не. Бидејќи порано кога барав не ми даваше до каде се. Сега проверив инаку едната ми ја дава дека е во СК. А другата ја нема сеуште. Има вреемее до 19ти.
Барај ја таа што е во скопје мене во јули ми стигнала а јас дури во август ја земав случајно видов дека е стигната