Ако е толку тоа подлежува на царина, ќе си платиш царина ама не знам дали во пошта. Штом на сликата покажува дека е тука значи тука е.
Пишува дека е За достава/испорака, затоа ти реков очекувај ја, не знам за царина, веројатно ако треба да платиш ќе те известат, сум немала пратка за која сум плаќала царина. Кога ги следам вака пратките и е вакво инфо, веќе следниот ден е во мојот град (не сум од Скопје) и ми ја носат на домашна адреса.
Da vo posta, eve da si znaaete , jas bev vo posta i tamu odma ima carina vo samata posta i mi kaza 80 e treba da se plati 18 %ddv i za garderoba ako e17, 5 % carina , samo mene ne mi bese logicno deka na aliekspres pisuva deka ne e sletano a na posta deka e, a prvpat poracuvam , i za pet dena mi istekuvaat 60 te dena pa da se osiguram ama utre zdravje sabajle ke odam do posta
Помош дечки! Досега сум немала вакво искуство, сите порачки ми стигнувале, ама оваа пиши статус:finished, требаше уште пред некој ден да стигни,а нема ништо. Прашав и во пошта, и таму ништо. Да почекам уште некој ден или треба да им пишам за парите да ми ги вратат? А, производот стварно го сакам. За посигурно, да го порачам од друга продавница или?
Кажи ми дали ти е истечен рокот на заштита? Ако истече, отварај таму диспјут и враќај си ги парите дур уште имаш време, ако не ти истече, пиувај му на продавачот. Прашај го што, зошто, како. Мене често ми се случува на некои пратки да ми пишува дека се завршени чисто затоа што продавачов ми дал некој лев број за следење. Обично ми доаѓаа тие пратки, ама за секој случај прашај си. А, и ако гледаш дека продавачот не ти одговара да пораките, пратката не ти е стигната и рокот за заштита привршува отварај му таму диспјут.
Нарачав ист производ два пати по грешка. Му пишав на селерот едната нарачка да ја откаже, ама сега проверив на е-банкарство и таа е наплатена. Треба да му пишам пак или треба време за парите да се вратат на сметка? И уште нешто... приметив наплата од плус 193 денари а ништо немам нарачано. Се друго што имам нарачано си стојат цените, ама оваа е плус и ме буни од каде може да е.
Женски јас редовно порачувам од Алиекспрес. Но сега со една другарка нарачуваме маски и некои делумно стасаа,но фалат уште 2 маски за тел и не стасаа. Диспјут отворив и истиот брзо беше затворен,но парите не се вратени, му пишав на селерот ми рече највеќе за 15 дена би требало да се рефундира. За мојата маска што мислев нема да стаса, ми вратија пари и другиот ден ми стаса маската. Ме чуди каде се овие 2 наведените што не стасаа воопшто? А беа нарачани на 22 ноември. Во меѓувреме со другарка нарачуваме уште една маска и таа требаше да стаса на 23 февруари, а ја земав денес. Многу чудно, барем пари да и вратеа на другаркава.
На мене ми вртија пари за две маски што требаше да стигнат до 19 јан. Баш завчера стигнати беа и парите на сметка... а за маските сеуште сум во надеж дека можеби ќе стасаат некогаш.
Имав нарачано вкупно 5 маски и 1 фолија за тел. Сите во исто време. 4 маски на друга адреса ги ставив, 1 маска и фолијата на моја адреса. И сега сите ги порачавме на 22ри ноември, до 27ми ноември ги следев. После им се изгуби трагата, ништо не покажуваше на 17track и земав не се замарав многу пошто беа празници и јасно ми беше дека ќе каснат. Е сега доаѓа краен рок и јас отворам диспјут за цела пратка. Другиот ден стасува фолијата а таа последна беше нарачана и му пишав на селерот да не ми враќа пари бидејќи стаса. После една недела стасуваат на другарка ми од вкупно 4ри 2 маски и тоа големи од порачаното, значи секогаш внимавам да не сум направила утка, читам фидбек гледам слики ама буквално за еден прст двои маската од телефонот и не му пишав на селерот намерно за да се вратат парите ама после некое време ми пишал дека не враќал оти стигнале и биле подигнати. Набргу после тоа ми стигнуваат пари за мојата маска на сметка, два дена после тоа ми стасува маската. И сега на другарка ми и фалат 2 маски и пари, му пишав на селерот ми рече да чекам процедура до 15 дена. Но тоа не е целта, бидејќи се стаса, како и покасно нарачаната уште една маска во Јануари сега стаса, се разбира различен селер. И велам на другарка ми да оди во пошта да провери да не има пратка, ама барем картонче ќе и оставел поштарот. Многу време помина.
Не знам стварно мене ми даде рок ако не стигнеле до 30 јан. Да ми вратат пари рака и бид а поминаа 30 едните ми ги вратија истиот ден на 30 додека др на 31. Пишубжваше од 3 до 15 работни дена треба да се на сметка парите. Нека проверо во пошта обавезно. Јас за самсунг А7 2018 порачав маски и мислам дека некој си ги е зел 1000 % сум убедена во тоа.
На 24.11 сум порачала и ете не стигнаа.. чудо а пред некој ден порачав нови маски плус некои глупости рокот им е до 25март ќе видам дали ќе стигнат на време тие. Ама за крадење дефф.. крадат.
До кога им се празнициве? Јас чекам шипинг на 3 производи, ама сеуште нема ништо од селериве.. За некој ден ќе истече рокот за шипинг, дали да го продолжам рокот или..