Бев во пошта да земам денес пратка но бидејќи закаснав малку со земањето ми вика таа таму вратена е во странство не си ја зела на време. Сериозно? Македонски пошти на нивни трошак ќе враќа пратка во Кина? Му се случило на некој ова? Сигурна сум дека си ја зел некој или е забаталена таму по пакетите
Законски ако 7 дена не ја подигнеш пратката се врака назад Сега пар7 меможе дацбараш назадвоти и селерот ке биде известен дека не си ја подигнала пратката Ни пари ни пратка За тоа си виновна ти самата П.с ми се има десено мене со едни четки
Комуницирам и јас со селерот тој веќе ми прати уште една пратка дека оваа ја немаше 4 месеци. Јас не бев дома некој период и тоа дошло во меѓувреме јас надеж изгубив дека ќе дојде. Ама не е битно ајде, ќе дојдат другите.
Имам пратка што денес и е краен рок за да ми стигне? Што да направам сега? Прв пат вака да не ми стигне пратка
Читајќи тука гледам дека многу од вас исто како мене имаат проблеми со следењето на пратките кога ќе влезат во Македонија, денес сосема случајно налетав на една македонска екстензија за Google Chrome, Следи Пратки (Sledi Pratki), и еве од кај можете да ја инсталирате, се надевам ќе ви се најде и на вас ИНСТАЛАЦИЈА
Сакам да нарачам од сите како да ги селектирам сите бои? Пошо едно по едно за сите посебен шипинг треба да плаќам.Постои ли таква опција?
Ќе си ги селектираш една по една боја, како посебен производ па после ќе си видиш во кошницата колку шипинг ќе треба да платиш. Зашто кога порачуваш повеќе работи со шипинг го намалуваат шипингот. Друг начин нема.
Здраво девојки и јас имам купувано доста работи од АлиЕкспрес има работи што се добри и ги користам не е се квалитетно но не е и нешо лошо
Мене месец дена ми стоеше во пошта, никому ништо. Отидов си ја земав. Можно е да те лажат, да ја земал некој, па сега демек ја вративме..
Мене да знаеш што ми се случи пред некој ден. На адресата што ја пишувам секогаш на латиница и до сега сите пратки се уредно носени по таа адреса. И ако јас не приметив дека е тука, немаше да знам ама ја вратиле пратката замисли си, пишале недоволна адреса. И одам јас таму и и викам на таа на шалтер, телефонот за што служи бе? Ми вика не знам. Како викам не знаеш? За украс не е ставен сигурно. И ме прати позади кај поштарите. И поштарот на смена што беше ми вика "Не знам која е таа зграда." Како викам не знаеш која е таа зграда? Па не знам ми вика, а до сега како носеше викам? Ќути човеков. Имаше некоја проверка и ми вика недоволна адреса. И правиме проверка и после му текна да каже дека не знае англиски. И јас му викам а тел за што служи? Па не знам ми вика, немаме службени телефони ние. Викам ако ти е за 5,10 ден што ќе потрошиш да ми се јавиш( во моментот вадам пари да му дадам) еве ти викам. А од таму стоеше еден почна да ракоплеска. Др.ден ми се јави поштарот и ми кажа дека званично ја вратиле пратката, по нивна грешка.
Значи вака сега. Прв пат порачувам од алиекспрес,порачав 3 работи. Имам мн прашања. Што значи тоа Estimated Delivery Time:33-56 Days Processing Time:7 Days што значат тие 7 дена дали имам рок од 56 дена да отворам диспут и дали после 56-тио ден имам уште некој ден за диспуте колку дена имам заштита на пратка како да знам уште колку дена ми останале за диспут што е тоа транзит дали и на тоа има рок од неколку денови дали пратката ако стое повеке од толку и толку дена на една иста точка ке се одкаже нарачката пишува ли некаде до таа и таа дата треба да ти стигне нарачката овоа ми е првата нарачка на 02,12,2019 2019.02.25 17:57 (GMT-7): Shipment accepted by airline 2019.02.25 17:50 (GMT-7): Shipment at country of origin warehouse 2019.02.25 17:50 (GMT-7): Shipment left country of origin warehouse 2019.02.23 13:32 (GMT-7): Shipment dispatched 2019.02.20 10:46 (GMT-7): Waiting for pick up нарачав ја на 02,12,2019 дали првио ден од 33-56 Days се смета од кога сум ја нарачал или од кога они почнат да пакуват 02,20,2019 зошто пишува Confirmation Received кога не сум ја подигнал пратката прашав во пошта сеуште не е стасана пратката проверив и на пошта мк пишува ..Не се пронајдени податоци за (UR030566899CN) втората порачка ми стигна за 13 ден. а сеуште на алиекспрес не е потврдено дека сум ја примал сеа дали може алиекспрес да направе грешка место за вторта пратка они за првата потврдиле дека е подигната а третата нарачка дека е кој знае 2019.03.06 09:47 (GMT-7): Shipment accepted by airline 2019.03.06 09:39 (GMT-7): Shipment at country of origin warehouse 2019.03.06 09:39 (GMT-7): Shipment left country of origin warehouse 2019.03.06 09:36 (GMT-7): Shipment dispatched 2019.02.25 17:03 (GMT-7): Waiting for pick up иначе за втората нарачка јавија ми се од поштата да си ја подигнам ама за оние две дека се не се знае што да правам со првата нарачка да чекам од пошта или.. и кој ден ми е последен мислам до кога најкасно треба да ми стигне нарачката
Денеска беше последен ден да ми стигне пратката, но ја нема. А ми ја снема и нарачката од профилот, немам врска кој ми е трекинг бројот? Како да отворам барање да ми ги вратат парите?
Да ви кажам една случка. Мајка ми си имала порачано семе некое за цвеќе од Алиекспрес, и стигнало во мало пликце и изгледало како да нема ништо во него, дека само неколку зрнца семе, и поштарот и напишал на пликото " Шо е ова ништо не се гледа? " . Претходно брат ми имал порачано маска за тел. и исто имал напишано на пакетот " Најјака маска имаш."
@SofiMar_ Не сум некој намќор, ама вакви работи мене лично многу би ми пречеле. Негова работа е да ја донесе пратката, а не да ја анализира содржината. Еднаш ми стаса поклон од Америка, ама дека беше во кутија, еј не се гледало, ама сигурно било стаклено нешто, па и чека така едно 5 минути под замислата дека пред него ќе ја отвараш Исто еднаш другарка ми имаше пратено обетки за роденден, пликото го донесоа празно и повторно залепено. Каде човек да отиде за да се разбере и да докаже, кога временска разлика од векови е во прашање Не за друго, значи може да се праќа нешто интимно, нешто доверливо или пр. некој ти ставил пари, утре на пликотот ќе напише, ее ми заврши работа Осет си треба, осет И да скенирал, нека не се брука да пишува вака
Јас пак направив порачка од алиекспрес и ја напишав адресата на латиница во македонски превод. Да видам дали ќе стаса или ќе измислат нешто друго.
Ако не ти ја пратат значи до нив е. Како бе кај мене напишана дури вака. ul.Partizanska br35. И град и секогаш стизат тие што ми каснеа ми стигнаа сите сега имам уште една што чекам.