https://m.aliexpress.com/item/32827...id=582amp-mZoNifP6DWv69Qj7_-uRXQ1553029553540 zdravo da ne ima nekoj iskustvo so ovie sakam da poracam no da ne nedojdat kako slikata
Брзо се расипуваат, јас имам 15. Побарај и кај нас има. Барем нема да ги чекаш и којзнае дали ќе ти стасаат неоштетени ако ги порачаш
Estimated Delivery е времето во кое што треба да биде пратката пристигната откако ќе ти ја испратат, Processing Time е времето од кога ќе ја нарачаш пратката тие за толку време треба да ти ја шипнат, диспут се отвара ако имаш некој проблем со пратката, пример подолго време е заглавена некаде, или не ти е стигната во периодот што треба да ти стигни, Confirmation Received притискаш кога пратката ќе е во твои раце да потврдиш дека ти стигнала
Порачав маска за телефон,арно ама потоа провери фибек и такви коментари и немаше ништо.Одма отворив диспјут и сега гледам ми нема потврдено ништо.Му пишав порака демек по грешка е било и сеуште чекам.Што да правам?
Веднаш сакаше да ја откажеш нарачката, уште пред да биде шипната? Ако да, има опција Cancel Order и тоа требало да го кликнеш, да си знаеш за во иднина Open Dispute повеќе се користи ако нарачката не ти стасала, па за да ти ги вратат парите, но мислам дека и сега ќе ти ги вратат и нема да ти направат проблем. Колку време веќе чекаш одговор?
Комуницирај со селерот преку пораки, ако не ти врати и утре пиши му пак, извини му се, повторно објасни му ја ситуацијата. Ако го нема и по недела-две пиши им на Customer Service.
Конечно и јас направив акаунт тука иако уште ништо не ми е јасно како што треба ама разгледував на претходните страници. Само да прашам, преку картичката на мајка ми ќе порачувам, на НЛБ и е мислам дека најобична, ќе врши работа оваа така? Ме буни нешто ова пејпал. Досега не сум порачувала преку нет, скептик бев ама ај, нешто се премислив. Се осеќам ко изгубен германец
Ќе врши работа. Јас порачувам преку картичка од дечко ми на ттк банка. Еднаш се зачувуваат податоците од картичката и потоа со еден клик можеш да нарачаш што сакаш. Еден совет само, за посигурно (не дека не е сигурно ама да се избегне можен ризик) таа картичка на дм му е посебна (не е истата каде што чува повеќе пари) и кога сакаме да нарачаме нешто однапред пресметуваме колку кошта и по тековен курс на долар најчесто, приближно толку и ставаме на картичка. На пример, ако кошта нарачката 500 денари, ставаме 600 најмногу. Ова за да сме 100% сигурни, не би порачувале од картичка на која има поголема значителна сума.
Јас би ти препорачала да си извадиш од банка картичка за порачување преку интернет, бесплатна е, можеш и електронски да си ја следиш состојбата, многу е посигурно така иако до сега еве јас веќе 5год сум немала проблем секогаш ми враќале пари доколку не стигне производот, ако нешто не ти е јасно кога ќе порачуваш нешто , пиши ми
Значи отворив диспуте 4ден пред да се затвори следењето т.е. истекот и не ми ги врати парите а порачав блуза 10,40€.. поминаа веќе 8,9 дена ни блуза ни пари, а порачувам веќе 4години.. Има ли друга опција му пишувам на селерот не мо враќа а замислете фидбек слики 1300 од блузата ама овој се прави паметен ни да ми пиши, да ми го продолжи рокот или да ми препрате или да ми ги врати паричките ццццц
Имам VISA Electron картичка на Тутунска банка и пробав да нарачам преку Алиекспрес но ми ја одбива. Треба да побарам посебно одобрение од банката?
Не, јас имам таква картичка и најнормално си плаќам, не барав никакво одобрение. Пробај подоцна, да не има некој проблем во моментов. Ако пак не може, јави се и прашај во банката.
Треба да отидеш до банката, имаш забрана за онлајн нарачување. Ќе им речеш дека сакаш да ја користиш за онлајн нарачки и ќе ти одобрат. 5 минути работа, и јас го имав истиот проблем.
Нешто се дешава, не ми стигнуваат нарачките. И ја имам диспјут отворено и не можам да се разберам со селерот. Не ми е за 60 денари ете ама барем да ми одговореше. Ми праќа автоматска порака безвезе.