Чекам мала пратка од Али Експрес. Треба да ми ја донесат до домашна адреса. Дали може јас да си отидам до пошта да си ја земам лично, за да не чекам многу?
Ако знае некој да ми одговори, не знам како сум се одјавила од сметката, пробав да се најавам лозинката не ми ја прифаќаше, ја сменив ,но не ми дава да влезам на сметката ми вели логирај се од компјутер, пробав и од таму го пишав тел бр што го побара за верификација но код не ми стигна ,повторно пробував да се најавам ми вели дека привремено ми е затворена сметката ,имал некој вакво искуство ?решение?
Има ли некој нарачано Smart Watch од Али Ескпрес? Ако да, дали работи и колку брзо ја троши батеријата, за колку време стигна и линкче. Фала
Ми стигнаа обетки,ама едната е оштетена, т.е скршена Ќе му пишам на селерот и потоа што? Ги враќаат парите/праќаат нови или...? Сум немала вакво искуство.
Имав нешто порачано,не стигна на датата,отворив диспјут и ми ги вратија парите.Но,денес ми стигна тоа,дури по 3 месеци.Што да правам?
Ќе ти побара слика а потоа сам ќе ти пише дали му одговара повеќе пари да ти врати или нови да ти пушти.
Kako da baram na aliexpress za podloga za casi, fildzani.. probav so nekolku zborovi ama nikako ne mi izleguvaat. Ili ne go znak vistinskiot zbor haha. Pomos ako moze
Дали имате блузи, џемпери, кошули порачувано од алиексперс??? Ме интересира каков е квалитетот? Дали се како на слика или се како изветвени?? Сакав да си порачам за секојдневно ми треба. Не кузнај каков квалитет онака слично каков кај нас поефтината роба, но да е добра за носење и изглед. Мислење девојки???
Јас не би порачувала од али експрес. Секој со свое искуство сакав да порачам неколку работи но другарка ми беше порачувала безжични слушалки и патики и на место патиките и пратиле прстен. Затоа не сакам да порачам. Од некоја страна од фб би порачала ајде а и тие се од мк но од али експрес или од другите како што се joom и zaful не би порачувала.
За точно да знаеш каков производ би ти стигнало барај коментари кај што другите што порачувале постирале и слики. Од се што имам порачано само една блуза не ми се погоди ама па 2евра беше, за тие пари толку
Пробај нарачај нешто ситно и ефтино па ќе видиш како ќе стигне,но да разгледаш во коментари какви оценки и слики од производот ставаат и дали се задоволни и другите.Јас ако нема комемтари ни слики не ни нарачувам.Јас имам искуство,се од таму си нарачувам и до сега се ми е стигнато и ништо не ми е утнато.