не е нивна продавницата 100 посто, копија се, не мора да значи и дека се шутка квалитет има и квалитетни копии, види според ривјуа
Ми пишува за една порачка дека ми е стигната во пошта, а и на страната на мк пошта дека е примена од испраќачот ама уште ми ја немаат донесено, а ова од понеделникот стои вакаимам уште 2 порачки ама тие не се стигнати во мк. Не знам стварно што е со нашава пошта, ај да сум во друг град да ги разберам
И мене ми пишуваше така а сум на 30 минути од Скопје што нели, не би требало да чекам толку многу. Проверив во пошта тие ми рекоа чекајте да ви стигне во пошта (дома). После недела дена или десет дена навистина поштарот ми ја донесе. И мене ми беше чудно што чекав толку долго откако ми пишуваше дека е стигната во Македонија и е прифатена од локалната пошта.
иди на get now, и ке ги имаш купоните на акунтот, после у cart пред да платиш треба да имаш опции да бираш кој купони да ги искористиш.
Да ви кажам нешто за праткиве од АлиЕкспрес. Со еден seller што комуницирав вака ми кажа. Тие, доколку имаат можност, ја пуштаат пратката наредниот ден и во Македонија стасуваат за една недела, секогаш. Е сега, во Македонија, прво една недела се царинат сите работи и минат на милион скенери. Значи не станува збор за една порачка, туку илјадници порачки од еден куп различни страни. Потоа, од таму се носат во Скопје во магацин, и тука сигурно се задржуваат уште 3-4 дена додека се сортираат кои порачки за кои градови. Од тука, се носат порачките во градовите, каде што поштата во тој град треба да ги скенира, и ова трае уште 5 дена минимум, зависи дали им се работи или не. И потоа, кога иде поштар, ви ги носи и така се чека мноооогу време. Тоа е работата, а не е нарачката постојано во лет.
И мене ме интересира, која е разликата измеѓу Мy select coupons и My coupons? Селектираните која важност ја имаат, можат да се искористат? Како? Затоа што ги нема како опција да плаќаш со нив, бидејќи не се купони купони.
Купоните важат за одредени производи , и за одредена сума, на пример 2евра за прозивод преку 20, и тн
Јас купоните ги имам сфатено ако направиш нарачка од одредена сума на пример 25 или 35 долари и погоре дека ти следува попуст од 2 долари или така некоја ситна сума. Јас никогаш не правам толку скапа нарачка така да мислам дека бескорисни ми се.
Ми стигнаа неколку вакви пораки, платено е ,парите се повлечени од банка ,ми стигна и меил како потврда ,знае некој што е проблемов?
Истиот производ го имаш купено ? Инаку ова се рекламираат и ти нудат продукти за да купиш.. Нема врска со ниедна нарачка..
Нарачав две различни алки од истиот продавач ,и може 4,5 пораки за два дена ми стигна со ваква содржина , до сега не сум имала вакво искуство затоа ми дојде чудно