Јас кога ми беше валутата во денари за се се плаќаше достава, после ја сменив во евро. Пробај и ти така
Така ми правеше мене, кога го сменив се си беше океј. Нз мислам дека и во евра кога ми беше наместено исто со shipping ми даваше
Џабе мене цело време ми е во евра, пробав и во долари и денарии исто е, плус проверив и кај брат ми е така
Аман до кога ќе слават Нова година? Ова процесинг тајм си го продолжиле на 20 дена,еве една недела абер нема да ги пратат. Како и да е,околу Велигден треба да стигнат.
Стално порачувам од али но некои ситници мали работи.Сакав да ве прашам дали стигнуваат поголемите производи ? Бидејќи еднаш порачав ташна но не ми стигна...
Имам порачувано маски за телефон,кабелчиња, украси, кутивчиња. До сега пратките ми стигнувале уредно. Некако не сум сигурна за облека дали ќе си погодам величина. Како се водите за величините?
Јас имам порачувано маици најчесто со слики од серии, ми се немаат избледено до сега (кај нас ако печатиш маица, после две-три перења бледее сликата), а и квалитетот е добар. Величина секогаш порачувам Ѕ, немам утнато до сега. Само што еднаш порачав маица, 10 долари беше, не ми стигна, ама ми ги вратија парите.
од 10 облеки на 4 погодив број, има квалитетни ствари ама нема никаков стандард за броеви, ако купуваш само од 1 продавач ако знаеш дека тој број ти е точен...
Јас секогаш додавам еден број плус од она што го носам бидејќи ми е страв да не ми се мали, а широко и онака си носам. До сега се си имам погодено
Фала ви, ќе разгледам и долу во фидбек како и дали се задоволни оние што веќе купиле. Ми се допаѓа еден капут, не знам што ќе ми стигне хаха.
Имам направено порачка на почетокот на јануари, пишуваше дека до 12.02 ќе стаса, сега орварам на tracking ми дава дека е пристигнато на 21.01 во земјава, а кај мене уште го нема. Е сега дали да одам во пошта и во која пошта треба(оти ми е порачано на адресата каде што сум под кирија, не на оваа по лична карта) или да го чекам дома?
Кај нас се премногу спори во испраќање на пратката. Мене никогаш не ми ги доставуваат до дома, ми се јавуваат на телефон, дека има стигнато пратка. Поарно оди прашај во пошта и смени ја адресата на наредната порачка.
Луѓенца порачувате ли овој период сега демек прогласија за смртоносниот вирусот дека можел да се пренесе преку предмети на вестии, скептикк станувамм порачав мн раб
На некој му ги имаат пуштено пратките или само мене ми го продолжуваат рокот, а пред три недели ми се порачани?