Дали ова значи дека пратката е испратена по грешка во Истанбул? Mar 12, 2020 16:33 Item is at agent warehouse Origin Mar 15, 2020 15:14 Item departed from origin Origin Mar 16, 2020 00:32 Item arrived to Istanbul Mar 20, 2020 08:24 Item Forwarded to Destination Country İSTANBUL(AVR), BAŞAKŞEHİR
Дали ви стигаат пратки во последно време? Имам пратка која е во транзит последна станица веќе цел месец.. Има ли шанси да ми стигне за скоро или се е во застој и да ја очекувам дури кога ќе заврши состојбава
Јас последно порачав во јануари и стигнаа. Имам сега за порачување но со состојбава не знам што да правам. Брат ми вели ако порачаш сега по кизнај колку време ќе ти стаса ако воопшто стаса. Има некој сега што порачува?
Јас чекам една пратка порачана од февруари уште не е стигната. А тие работи после неа што ги порачав стигнаа. Ја проверував пратката и се чини дека е изгубена.. Од пошта абер немаат да кренат телефон
Дали вие што порачувате имате некакви купони ако може да ми кажете како може да се искористат ско веќе може ви благодарам
И мене ми имаат стигнато нарачки направени откако почна кризата со вирусот. Последно нарачав во петокот два саати, ми пишува дека се спремни за испорачување. Моментално чекам неколку маски за телефон, ластици за вежбање и уште еден саат. Пишува дека би требало да стигнат за од прилика 15тина дена, што е сосема ок.
Дали деновиве ви има стигнато нешто што сте порачале? Кога имаше попуст крај на Март нарачав, ми пишува Arrived at destination country но кога проверувам на Моја пошта не наоѓа ништо ...
Ми стигна пред 2 дена, почекај, мене цела недела ми стоеше дека е пристигнато а на Моја пошта немаше ништо.
Мене две пратки веќе одамна ми се arrived at destination country, а абер нема да ги донесат. Знае ли некој што се случува со пошта?
Мене малку ме плаши угледот на Пошта (иако јас лично досега не сум имала проблем со недонесени пратки), да не си ја искористат ситуацијава и да си поткраднат, ама може сум и само параноична
http://posta.com.mk/TrackTrace/# Внеси го tracking number тука и ќе ти покаже дали се во пошта (и ако се, во која поточно (притоа знам само дека Пошта 2 е онаа кај железничка, главната) а ако нема информација на странава значи или се на граница некаде заглавени или воопшто не се стигнати во Македонија. Доколку пишува дека се доставени а не си ги добила, оди веднаш во пошта (онаму каде што пишува дека е пратката) и дај им го tracking number и сами ќе проверат. Истово ми се случувало мал милион пати досега. Баш моментално имам една пратка што пишува дека е испорачана а не е, ама ме мрзи да одам до пошта па се надевам дека сами ќе ја донесат во скоро време.
Мене пред една недела од четри пратки ми стигна картичка и на шалтер ми дадоа само две а во систем кај нив се водеше дека две ми биле истиот ден доставени лично на врата. Наредниот ден отидов директно кај поштарите позади и лом ги направив. На 4 различни компјутерии ги проверуваа броевите и на крај ги најдоа кај поштарот. Он за да си ја заврши работата за денот ги пишал доставени лично и којзнае дали ќе ми ги донел да не отидев да си ги зеам. Срамота. Имам сега уште пратки за чекање и ги пратам цело време.
Кај мене каснеа малку ама поштарот ги донесе на домашна адреса. Очекувам уште пратки, кои скоро се нарачани, се надевам нема да има проблем.