Значи вака, колку што дознав, тие пратки можело се стигнати во Чешка или Латвија, и така било за повеќето пратки од Али и Ибеј, арно ама од пошта како што гледате погоре, договор за прием на пратки од тие држави нема. Практично место тие држави да бидат први на списокот со оглед на тоа што најмногу пратки идат оттаму, нив ги нема. Значи одговорните во Пошта или не сакаат да се замараат или се неспособни. Не знам што повеќе да кажам. Ваква дисфункционалност ни во Авганистан нема.
Барај си ги парите назад, оваа пратка не постои ... и ако постои штом е порачана во јануари требало да стаса до сега ... Мој совет барај си ги парите ...
@Pro Wedding Не ми е јасно како да ги побарам назад Не сум порачувала многу па незнам како одат работите
Точно! Кога проверив на 17track, покажуваше нешто со Латвија но, не ми беше јасно шо... изгледа ќе си чекаме додека се одблокира процесот, ако воопшто тоа се случи наскоро.
Пробав да порачам нешто прееска ама преку 20тина производи што ги побарав од тоа што ми треба ниеден немаше тракинг. Пробав со други рандом производи, исто немаше кај ниеден. Дали има врска со ситуацијава нешто или до производите си е? Или дали некој нарачал вака без тракинг и како знаете дека стигнала нарачката?
Производи имам од февруари нарачани и седиште не ми се стигнати. Пред 20-тина дена уште некои ситници нарачав, а за нив нема ни tracking ни ништо (а, платени се). Можно е воопшто да не стигнат?
На крајот од февруари ги нарача? Оти може ти се заглавени како на сите нас останати. Јас од почетокот на март ги чекам моите, а и многу други лу Би требало да праќаат, ама ништо чудно да оди поспоро испораката оти сега имаат проблеми со доцнењето на пратките (бар во Македонија).
Направив нарачка пред една недела селерот рече ќе ја испрати по неколку дена потоа ми пиша дека не е во можност па сега чекам да ми ги вратат парите. Најдобро прво пишу му и прашај дали ќе ти ја пратат ако не да побараш од друг селер да ја порачаш. Јас ја порачав од друг и ми ја испрати.
Значи ми стигнува и известување маил нели кога ке пристигнат порачките, имам 5,6 порачки кои ми пишува дека се во МК, и кога отворам на tracking i Global Economy tracking што е ми ги покажува дека се стигнати. Веќе една недела чекам никако не ми ги донесува поштарот во што е проблемот ??
"Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци."
Девојки (и момци, не дискриминирам) ако некоја од пратките што ги чекате се пратени по Cainiao super economy, проверете си на сајтот на пошта. Можно е да ви се стигнати.
Не можам да правам порачки пишува дека до Македонија немаат достава? Дали на некој друг му се случило вака?