Вчера ми стигна уште една порачка од мај. Веќе се ми стигна уште само една порачка која ја имав направено во март пред состојбава, за неа ми ги вратија парите, друго се стигна. Новите порачки кои ги направив месецов сите се движат брзо веќе се во Латвија ги очекувам за 10-15 дена сигурно.
Имате ли проблем да видите на poshtamk,кај ви се наоѓа нарачката? Мене не ми ги дава два дена,претходно беше океј
Со денови ми покажува дека пратките се стигнати во Мк во пошта,ама сеуште не сум ги добила. Претходно поштарот на врата ми ги носеше или ако беше нешто поголемо ми даваше картонче едно па со него идев во пошта да си подигнам.
Ова ми е на профилот, на track order кога ќе кликнеш, а плус tracking number го внесуваш на сајтот на пошта има дел следење на пратки и ти пишува до каде е пратката.
Se odluchiv da si poracham neshto od AliExpress, dali znae nekoj kako da dobijam kupon/popust na cenata? Bidejki vidov ocpcija "get cupons", no nishto ne se sluchuva
За да добиеш купон треба да купиш производи до одредена цена и ти дава да речеме 2евра купон кој после може да го искористиш кај истиот продавач.
@Zumbulce9 Многу пати е пишувано во темава,дека ова arrived at destination country не значи дека е во Македонија. Провери кај сакаш,јави се во пошта ако сакаш,ама вистината е таа.Ова го даваат секогаш кога пратката влегува во европска транзитна држава,најчесто Чешка или Латвија.И не следи на профилот на алиекспрес туку на страниците за следење и точно ќе знаеш до каде е.
Дали пратката што е во Латвиа (Рига) смени статус до сега? Јас имам една која е со ист статус како твојата веќе 20 дена и никако да мрдне.
Имам една нарачка од март месец која не е пристигната и уште една од пред месец дена, и кај двете ми пишува вака. Што значи ова наизменична (претпоставувам), пошта излез?
Да пошта излез. Според брзината со која се движат последниве месеци, очекувај дека за две недели ќе се појави кај нас (од последниот статус, што значи дека нареднава недела би требало да стигне).
Тек вчера една пратка што ја имав нарачано во Април ми стигна. Страшно... На повеќето им направив диспјут за да ми ги вратат парите бидејќи не стигнаа.
Денес ми стигнала една пратка која имам нарачано уште пред корона. Веќе и заборавив на неа и парите ми селерот вратил оддамна, и ете ја од нигде никаде. Патуваше повеќе од 6 месеци ми се чини