Не знам кој метод беше. Кликнав на orders да видам, пишува дека ја порачав без шипинг (free shipping) , а кога кликнам на линкот од продуктот гледам дека сега истиот продукт, истата продавница ем ја дигнали цената дупло па и шипинг за Aliexpress standard shiping кошта 7 долари.
Вчера ми стигна пратка од Али порачана од април месец. Помина рокот и парите ми ги вратија а пратката стаса. Поштарот ми кажа дека веќе почнале да стасуваат пратките
Јас вчера нарачав нешто ситно ( 2 год. ништо немам нарачано од Али ) само за да видам колку ќе чекам. За 90 дена, би требало да дојде. Ќе заборавиш за тоа време што си порачал
А дали ти пишуваше кај shipping од 24-42 дена? Јас порачав таков производ и го платив shipping-от 5долари само, демек побрзо, или изгледа и јас исто ќе си чекам
Гледам дека за бесплатен шипинг имало 30-50 дена и 24-41, мислам дека првото било штиклирано, така ми дава како предложено и сигурно не сум ги видела другите опции.
Зошто се наплаќа за достава, кога прашав колку кошта ми го пратија ова??? Прескапо е ова, никој нема да нарача вака..
На другарка ми во Мкд дури вчера и стаса пратката,а јас сакав на апликацијата да стиснам дека сум ја примила. Гледам селерот сам си стиснал дека е примена и не ме известил воопшто. Тоа е.
И кај мене беше исто, со тоа што пред два дена видов дека го продолжиле рокот до 26 август, а нарачката е од мај месец... Верувам дека ќе стигне
Јас нарачав на 8 - ми август, ми ја пратиле на 10 август и ми стигна порака вчера 16 август дека е веќе пристигната во земјава Ова нова фора ли е на Али ?
Ма нема шанси да дојде за толку кратко време. Заебанција е за да мислиш дека не е до нив ако не ти дојде, туку до нашата пошта. Се штитат однапред
здраво девојки, јас не нарачувам често онлајн но периодов нарачав книга(не од алиекспрес) и триста глупости од алиекспрес. живеам во скопје, центар и ми стигна ливче да одам пратка да подигнам од пошта. дали ќе треба за секоја пратка да одам до пошта или вам (од центар) ви стигаат дома пратките од алиекспрес? (сеуште не сум сигурна дали пратката е книгата или нешто од алиекспрес)