Како го провери ова? инаку најверојатно е однесена во главната пошта ама сеуште не е предадена во твојата најблиска пошта
Ич не им се работи на нашиве. Од Кина до Македонија стигаат за еден месец, овие нашиве не можат два месеци една пратка да донесат. И не е само оваа, уште 5 пратки ми се заглавени во нашата пошта. И после зошто некои селери не испорачуваат до Македонија.
Ако во случај е заглавена/оставена/заборавена, тракингот ќе го имаш во мобилен и директно ти ќе појдиш во пошта и ќе ти ја најдат пратката. Или пак во случај ако е кај поштарот ќе му се јават или дадат број. Барем за во мојот град така е.
Бев до мојата пошта минатата недела и му кажав на поштарот дека веќе два месеци се пратките во Македонија, ми рече дека не е негова вина што не ги испорачуваат до локалните пошти.
И во пошта бев, и со поштарот правев муабет... ми кажа дека додека не дојде во мојот град они не можеле да направат ништо. Праткава ми стаса за 3 недели а јас чекам да ми ја достават 4 недели скоро. Дали има број да се јавам да прашам за праткава?
Мене што на праткава ми стигни нотификација дека е пристигната во локалната пошта, ако касни неколку дена, алармантно ми е недела дена, пошто порачувам поскапи производи, одма одам и проверуваат тие таму... и ќе ме упатат понатаму што како... Инаку да не отворам политички теми, али мојот поштар не ми ги носи пратките, пошто е клаен партиски тазе, и или ги остава јас да си ги земам или чичко ми ми ги носи, али тој е на сосема друг реон. Али ви кажав, штом е во нашата држава пратката сместа одете и барајте си ја на шалтер и оттаму се надевам ќе ве упатат што и како.
Имав околу 20 нарачки од април навака и сите ми стигнаа пред една недела уште 2-3 чекам од тие, сега пак нарачав некои работи така да се ќе ви стигне sooner or later Пратката ти е во Латвија не ти е во Мк.
Едно прашање.. Како е ова со купониве? На пример имам купон од 300 денари јас порачувам нешто од 320 денари, дали тоа значи дека кога ќе го внесам купонот јас ќе треба да платам само 20 денари??? И дали бонусот што се збира во Bonus Buddies се користи цел и за што сакаш? И дали има рок за кој треба да се искористи? И ова со slash it како се користи? Извинете на толку прашања ама досега ја немав апликацијата на телефон па прв пат се среќавам со овие работи.
Треба да направиш сума од 300 денари за да го искористиш купонот со што на таа сума ти дава купон кој можеш да го искористиш до одреден датум. Со еден збор ваквата маркетинг пирамида со купоните е тотално неисплатлива.
Мене пред една недела ми стигна пратка што ја имав нарачано на 1ви Март, имав и заборавено веќе на неа, никогаш не ми се случило после толку време да ми стигне нешто. Освен таа, во претходниве десетина дена ми стигнаа 3 пратки што ги имав порачано поскоро, пред месец-мецес и пол.
Муштулук луѓе.. Ми стигна пратката што ја нарачав кога почна короната во почетокот на март, патем ми ги вратија парите уште пред некој месец.. Има надеж