А чудна работа на 3 мои нарачки веќе 3 недели стои дека се стигнати во МК Завчера ми стигна едната пратка, од другите две ни трага ни глас
Нарачките што ви стигнаа скоро кога ви се нарачани? За да знам од прилика колку да ги чекам моиве, јас денес ги порачав.
Ми стигаат порачки порачани во април, јуни, измешано е се. Денес ми стигна една порачана почеток на јули, а пред некој ден една порачана април.
И кај моите пратки пишуваше вака. Беше нешто што прв пат го гледав во моето долгогодишно искуство на Али . Се уште не знам што значи, но пратките ми пристигнаа околу две недели откако прв пат ми покажа дека пратката е во наизменична пошта. Проверувајте си и понатаму и верувам дека ќе ви пристигнат и вам.
Во транзитна пошта е, чека за излез да продолжи до следна дестинација/држава. Најчесто се во Латвија и уште не се излезени од таму за кон Македонија.
Каде можам да направам dispute на цела нарачка. Стигнати ми се производите, некои се точни некои се измешани
Старо се ми пристигна, новите сите ми стигаат како и вообичаено пред короната.. Се врати во нормала се.
Во последно време до дома ви ги доставуваат порачките или? Јас имам 5 порачки, ми вели дека од 23ти се стигнати, но нема ни трага ни глас од поштата...
Јас бев сама од пошта да со ги подигнам,ама ми имаа оставено ливче,мислам не ги носат до дома ама не сум сигурна.
Мене ми стигнаа порачките од август, каснеа малце ама битно стигнаа... нашите пошти каснат, пристигната беше уште 15 август и дури пред 3 дена ја донесоа во мојава пошта..