Зошто не работат поштите? Мене пратките секогаш ми ги носат на работа, така се имам договорено со поштарот, да не се бркаме, а обично до адреса ги носат. Ако пратката пише дека е стасана во МК не значи дека е и во локалната пошта. Пратките биле во складишта и кога ќе дојделе на ред се сортирале па се праќале. Таквите од али биле последни на листата за приоритетност. Вака ми има кажано поштар, а колку е точно не знам. Во последно за 2 недели ми стугнуваат во мк а чекам и до месец за за ми ја достават.
За колку време ви стигнуваат сега пратките? Порано знаев ради вирусов каснеа, но мислев дека се вратија на старо. Јас уште од 2 септември што имам порачано уште чекам, на али пишува во транзит била пратката
Da, mene isto mi stigna izvestuvanje od samata strana, no posle dve nedeli bev do postata da si go zemam, taa na salter mi kaza deka utre ne go sortirale pa go nema. Mislev deka nekoj si go ukral, pa posle nedela dve mi go donese postarot. Ke ti stigne, so golemo zadocnuvanje
После колку време ви стига нарачката,откако на страната за следење го пишува ова: Pristignata vo Naizmeni!na po{ta(Izlez)
Мене вчера ми стигна пратка која ја порачав во септември, многу брзо стигна, се изненадив. Ми пристигнаа и од летото некои пратки, некои сеуште не се стигнати, за секоја пратка е различно.
Ако пратката стигне во Мк, потребни се 3-4 дена за да стигне во локална пошта. Ова зборам ако бевме океј држава каде се функционира како што треба. Ама не сме, така да треба да поминат 3 месеци сега за да ти ја донесат до дома Фрустрира многу. А поготово кога ти требаат некои работи итно Се имам јавувано и во пошта џабе. На таа и реков, кажете каде е пратката ќе одам ќе си ја земам, не мора ни до дома да ми ја донесете, ама ко на ѕид да збориш
3-4 дена? Значи поштариве се заспани. Овај изгледа проба да ги оправда за каснењето хахахахха, страшно. Сега пред некој ден ми стигна пратка од јануарито ама не знам чива грешка е. И пари вратија од али и пратката стигна. Циркузи.
Па колку им треба пратките да ги распределат по локални пошти? Ако може карго да доаѓа за неколку дена, зошто да не и пратки? Ама не работат во пошта како што треба да работат. Башка сега може и кочат заради Еуостандард банка што се деси Ама не ги оправдувам. Мајка ми што вика, порано писма од други држави стигале за неколку дена, сега пратки не можат да организираат
Ми пристигна порака пред околу две недели дека пратката ми е пристигната во мк. Еве трета недела и уште ја чекам. Да не зборам колку ред се изначекав само за да прашам што е работата па уште некултурни и нервозни како ние да сме криви. Ако толку не можат да постигнат зошто едноставно не вработат повеќе луѓе???
Мене денес ми стигна пратка порачана на 22 септември. Имам и други што ми стигна за месец, ништо не ми доцни
За прв пат изгубив спор на Алиекспрес. Имено, имав порачано мала пратка уште на почеток на Јули/крај на Јуни и два пати контактирав со продавачот за да го продолжи рокот на протекцијата. На крај видов дека пред скоро месец дена на тракинг бројчињата ја дава дека пристигнала во Скопје, но, ниту трага, ниту глас од неа кога бев до пошта. И си викам, можеби е грешка тракинг бројчето пошто и онака за маливе пратки ретко ставаат точни, а и ми се смачи повторно да продолжувам рок и стиснав диспјут и чудо, Алиекспрес досуди во корист на продавачот и го замрзна скроз спорот со назнака дека веќе е во мк пошта. Ај, ги прежалив веќе парите, две недели поминаа од тогаш и случајно викам да видам на МК пошти и гледам има праткава мрднато. Вау. Одма отидов до пошта, и ми викаат тие таму дека немаат чуено за праткава, нема никакво инфо за неа, грешка сум. Налутен така целиот, си идам дома и ете го поштарот на врата, ми ја носи праткава. Значи ажурноста на МК пошти е гревови. Од секогаш биле тиња, ама сега со распадов изгледа хаос невиден се. После зошто не праќале за МК онлајн продавнициве... Епа нема да праќаат.
Јас уште чекам пратка нарачана во Јули месец,а веќе сме крај на Октомври. Контактирав со селерот и ми го продолжува рокот, но ме чуди сите други нарачани после неа ми стасаа само оваа не.
Ќе стигне. Мене пред некој ден ми стаса пратка од април месец, а пред тоа ми стасуваа пратки од август, септември порачани, се помеша нешто со ситуацијава ама битно се ми стигна до сега.
Мене ми стигнуваа кога беше корона кризата со локдаунот затоа што каргото не беше забрането,памтам нарачував април-мај и стигаше. Сега, не знам што бидна само со таа пратка,другите сите стасаа а беа нарачани во исто време со таа.
И јас чекав една 2 месеци, а сега скоро што имав порачано друго за помалку од 3 недели стигна Очигледно нема ред никаков
Јас никогаш не сум нарачала, баш од страв дека нема да стигне или дека премногу ќе закасни. Инаку некои работи ми фатиле око. Секакви искуства сум слушала. На крај обично стигнува, прашање за колку време.