Ако не си временски обврзана, најдобро решение е Алиекспрес. Дури и да не стигне некоја пратка, ќе си отвориш фино лепо диспјут и ќе ти ги вратат парите. До сега, од моето, па сигурно повеќе од 5 години корисничко искуство, само 1 пратка не стигна, а друга производот беше оштетен, ама и за двете се работеше за ситниш од 2-3$. Поголеми пратки секогаш доаѓале брзо, на време, и биле со tracking бројче за пратење.
Дали некој досега враќал нешто на Алиекспрес? Се работи за фустан цената е 21 евро не ми се допаѓа како ми седи, отворив dispute ми дадоа понуда да го вратам назад и парите ќе ми бидат вратени.. Но како оди процедурата и дали навистина враќаат пари?
Дали ви е во функција страната? од вчера пробувам да ја уклучам но постојано е на арапски јазик, како да се вратам на правобитната верзија?
Мене ми ја отвора вака https://best.aliexpress.com/?aff_pl...&terminal_id=d656b4cfa2b14ba7a1ed10148cdd0f74
Дали на тие што не се од Скопје им пристигаат пратки? Значи од пред еден месец пишува дека пратките ми се во пошта а никако да стигнат тука, се јавив кај поштарчето што ми ги носи ми вика не ги обработуваат пратките. Исто пред месец нарачав иста работа за мене и другарка од Скопје, неа и се јавиле да си ја земе, кај мене можеби после Нова Година
Стасуваат, вчера одручекта поштарот ми донесе пратка која истиот ден беше донесена во поштата во мојот град.
Јас мислам дека е проблемот во локалните пошти. Имам забележано дека ако денес е стасана во Скопје следниот ден е веќе пратена во мојот град. Обично поштарот ми ја носи следниот ден или по неколку дена.
Ми пишува дека пратката ми е стигната уште од пред 2 месеца во државава, отворив за despute на страната на али немам таква опција? како сега да направам да ми ги вратат парите? имам уште 2 дена
По кој основ ќе бараш поврат на средства од продавачот кога пратката ти е стигната во МК. Не е само твојот случај, на многу луѓе им доцнат пратките. Проблемот е во нашата пошта. Еве и јас повеќе од 2 месеци чекам пратка од Англија.