Па ај нема да барам и нека ми отидат туку така парите, имав и друго порачано па ми стигна одма за ова многу се одолговлече, плус уште два дена имам рок, ама еве му пишав на селерот ми рече ќе ми бидат вратени парите ако не стигне уште два дена, од пошта се ужас како и да е, во право беа што не сакаа да праќаат низ Мк
Јас потполно те разбирам, и јас сум во истата каша ама не барам рефунд бидејќи знам дека проблемот е кај нашиве. Некогаш кога навистина ќе имаме потреба да нарачаме нешто поради ваквата ситуација нема да бидеме во можност - продавниците одбиваат достава до МК или праќаат само преку ДХЛ. Благодарение на нашава пошта на многу места сме на црна листа. Не знам како е можно никој да не сноси одговорност.
Порачав фустан по грешка С величина наместо М, па неколку дена така стоеше, не беше испорачана пратката (пишуваше нешто дека има проблем со каргото и дека ако за 8 дена не се среди, ќе ми ги вратат парите), па ја откажав нарачката додека сеуште не е испорачана и му пишав на селерот. Уште ми нема вратено, веќе 3 дена, а парите ми се земени. Да се надевам дека ќе врати? Направив грешка што откажав? Прв пат нарачувам и врска немам како оди.
Поминала низ царината, сега ќе ти ја пратат во локалната пошта, па потоа поштарот ќе ти ја донесе до врата. Многу се спори во последно време.
Можно е 10 пратки да ми стигнат за цели две недели? Ми стигнаа мејлови дека пратките се во МК, ваљда ќе чекам пошта да ме извести.
Истото и мене ми се случи. За 5 пратки сабајлето ми стигнаа известувања а има поминато една недела од кога ги порачав.
zdravo, imav poracano pred okolu mesec dena obleka ama ja deinstalirav aplikacijata pred nekolku dena aliexpress , i denes sakav da vidam do kaj e pratkata i vo order prazno e i vo in dispute isto.. a pred 4,5 dena bese in shipping..znae li nekoj vo sto e problemot?
На која страна ги следите пратките? Барам на македонски пошти, следи пратка, но не ми ги дава пратките
Обично така кога ќе ни стигне емаил дека се стигнати уствари тогаш пристигаат во Латвија, па од таму ги препраќаат овде, јас така знам, знам дека пишува country of origin, ама мислам дека тогаш се во Латвија Иначе морам да се пофалам претходнава недела скоро сите пратки ми стигнаа, кој од август, кој од пред еден месец, поштарот секој ден ми носи по нешто, се разработаа од пошта
Тоа е генерички одговор дека се за две недели дојдени ( а нема врска), така се заштитуваат за да се знае дека се пратени и на пат. За месец дена ако стигне пратка од Кина, супер брзо е тоа
Едно глупо прашање. Пошо неам своја картичка, а сакам да порачувам од Али, дали би можела на таа од стопанска шо ми ја дадоа за купувам домашно да и ставам пари и да ја користам за нарачки? Или не би можела... Некој да не има искуство со вакво нешо? Вие имате посебни картички за купувања вака или истата шо ви е за плата или слично ја користите?