@Dream girl јас од стопанска банка имам картичка онаа што може од банкомат да вадам пари и си порачувам со неа
Јас да, имам само една и таа ми е за електронско плаќање. Има картички на некои банки за студенти и млади (пример Топси на Стопанска) што не плаќаат одржување. За оние од купувам домашно најдобро иди во Банка прашај.
Мислам дека не би можело, затоа што сепак е странски пазар, а со неа треба да се купуваат домашни производи. Инаку плаќам од истата картица цело време, ако сакаш може да извадиш дополнителна дебитна и со токен да префрлаш пари, за кога ќе нарачуваш. Јас после нарачка, ги бришам податоците од картицата. Има посебен сајт каде може да се бришат информациите. Преку али не може.
^^^^ Не, не е пристигната, туку транзитира. Кога ќе стигне во МК, ќе пишува arrived at destination country. Инаку, по ново, ако нарачувате преку мобилна апликација, во messages, на иконата Order (со зелено) ви стига порака дека пратката стигнала во земјата. Од тој ден може да си ја чекате дома или да чекате картонче.
Здраво, едно прашање, преку алиекспрес кога се нарачува нешто дали повлекуваат средства за цената на продуктот + достава или дополнително се плаќа нешто. Никогаш не сум нарачувала онлине
За секој производ си пишува цена за shipping (или free shipping) и кога плаќаш ти ги рачунаат и цената за производот и за достава. До сега не сум плаќала дополнително ништо јас, ама и се мали производи нарачувам.
https://postal.ninja/en Провери на оваа страна. Ако е во Македонија пишува пристигнато во пошта Скопје, а ако си од друг град другиот ден стасува во локалната пошта. Секогаш точно ми покажува. Кога пишува дека е во мојот град следниот ден или по два, три дена поштарот ми ја носи дома.
Никогаш не сум го сфаќал ова опсесивно следење на пратките до каде се. Кај се, таму се, ќе дојдат. Оставете поштарот да ве изненади. Јас проверувам само недела дена пред истек на рокот за доколку ја нема и е заглавена некаде да му пишам да го продолжи или да му се спремам за диспјут.
Зависи, ако е нешто повредно и со душа го чекаш ќе се напнуваш замисли јас телефонот кога го чекав...мирна не бев додека не стигне.
Јас пак кога го порачав не ни видов каде е, само дома ми стигна писмо од царина да платам. Ме изненади после 18 дена. Многу брзо стигна. И сега за блек фрајдеј што порачував работи не знам каде се во моментов. Може да се на карго брод во Индиски океан, може во Естонија или Чешка заглавени на некој поштенски терминал. А може па и кај локалниот поштар, дома си земал и си ги користи.
Не се знае. Плус не се секогаш точни информациите, мене ми стигнувале пратки а ми кажувало дека сеуште не се во МК..
Дечки само мене ми ја отвора страната на некој чкљ јазик? Арапски мислам е. Од мобилен е супер на англиски си е, ама на комјутер ми е попрактично а не знам како да го сменам јазикот.