Да , имам доста нарачано, обични памучни ,и едни ко плишани. Плишаните се многу убави, некако скапо делуваат, преубав материјал. Ако сакаш ќе ставам линк да ги ѕирнеш.
Дали некој има нарачано од алиекспрес последниве месеци? Ако да за колку време ви стигна нарачката? Многу ми рекоа дека ради корона покасно стасувале дури 3-4 месеци.
Здраво, ме интересира дали некој знае дали сите пратки од али експрес стигаат кај нас во пошта? Сакав да одам да си ја земам иако не ми стигна картонче (бидејќи на апликацијата пишува дека е веќе во Македонија и не е обновен статусот од пред нова година) но бројчето по кое се води пратката (tracking number) почнуваше со LD а не со R и жената во пошта ми рече дека кај нив пристигаат и имаат само R-пратки. Мајка ми си порача после мене од нејзин профил, и на самата нарачка на али експрес бројчето си почнуваше со R, и стигна на врата и се е супер. Еднаш порано знам дека земав пратка од али експрес негде кај ВИП хотелот блиску до факултетите кај битпазар, ама не знам дали беше тоа пошта или некоја друга брза пошта. Ако некој знае би била пресреќна, се секирам дека ќе ми ја вратат назад а немам идеја каде да барам
пратката не е пристигната кај нас сеуште,најверојатно е во некоја друга држава па од таму ќе ја пратат кон нас,и да пратките со L тракинг не се следат кај нас,поштата единствено врши достава не се секирај ќе пристигне и јас имам од декември пратки со таков тракинг