Дали е проблем ако нарачката е на различна адреса од таа на личната карта? и плус во информации на нарачките мислам дека само името сум го напишала хахах, дали ке е проблем за подигање во пошта ? само име и плус различна адреса од лична карта
А може да се преземат нарачки од пошта што се на друго име? На вујко ми пример што му стигнале, да кажам име и презиме негово, ќе ми ги дадат?
А што може да се направи ако тој не може да си ја подигне пратката? Не може на никаков начин? Ни со лична карта негова да покажеш?
За жал не може. Татко ми се обиде да подигне пратка на мое име со прикажување и на неговата и на мојата лична карта и не успеа. Можеби можеш да се јавиш во пошта и да прашаш за понатамошни информации, друго навистина не ми текнува.
До сега немам нарачувано од Али. Ама сега ме фати мерак Да пробам со нешто поефтино. Ме интересира како оди периодов, за колку време од прилика стигаат?
Зависи мене ми стигнуваат најчесто за 2 месеци (некогаш 1 месец, некогаш и 3месеци), само гледај да има повеќе ѕвездички.
попрактично ти е со апликацијата. јас вчера шопинг праев, еве и сеа отворив, ок си е. иначе на хром не ми ја дава ни мене моментално.