Јас сум нарачувала сребрен накит. Навистина има ознака 925 и одличен е. Има преубав сребрен накит по супер ниски цени (2-3 евра). Мислам дека се со некоја ситна грешка, малку подоштетени, затоа се толку евтини. Сепак воопшто не се познава тоа. Мене да, баш сега проверив. Дали некој знае што всушност се тие select coupons и како може да се искористат?
Јас од Bamoer имам нарачувано. @Cosmi може повеќе да ни предложи, никако не можам да го најдам нејзиното мислење.
Баш дека цените се толку ниски не ми се веруваше дека е сребро, јас од модиан нарачав пред некој ден, па кога ке стигнат ке ги истестирам. Инаку доста позитивни reviews имаа. Оние што се по 2-3 долари мислам дека се друг метал посребрен.
Можно е, но бидејќи беа така со некој фалш мислев дека е од згрешената "роба". Во секој случај накитот е одличен. Има и секојдневни, како и посвечени.
Здраво на сите, 2 пратки од алиекспрес кои ги нарачав пред скоро месец ипол никако да ми стигнат. И тоа не е проблемот туку тоа што кај двете стои дека некаде околу 10.01 стигнале во земјава (arrived at destination country пишува) и од тогаш нема никакви новости. Пробав да ги следам на 17track и таму ист датум ми дава, само што таму стои дека пратката е од тогаш во транзит. Ве молам ако некој има слично искуство или знае што се случува нека ми пише, едно е што сум нестрплива а друго е што не би сакала пратките да биле стигнати и да се вратат назад бидејќи не сум ги подигнала.
Вчера ме фати ѓаволот под свое закрило и испонарачав све и свашта, али две нарачки напраив од по 60 долари на некои мех ствари кои сакам да си ги вратам назад! Стиснав cancel order, го контактирав продавачот, ми вратиле ‘ок’ на пораките, али ни збор за враќањето на парите. Некој искуство со откажување вака нарачки?
Ми текна нешто да споделам. Уште во 2013/2014 година си нарачав есенско палто од Али за цели 700 денари, ракавите беа еко кожа/скај, остатокот не знам што материјал ама ви текнува најверојатно на какво мислам, тој период беа многу популарни. Ми стигна, скроз точно ми беше, го утепав од носење со години, до скоро го носев и тек сега веќе не може да се носи, ептен се упропасти. Тоа што сакав да го кажам е дека 4 години откако го нарачав и баш тој ден го носев, бев до Котон и го видов СКРОЗ истото палто, само со нивна етикета и кошташе 4000 денари. И од тогаш кога си барам нешто интересно, или ќе видам нешто убаво во продавница што е поскапо, најчесто си срчнувам на Али и наоѓам нешто слично а и поубаво и си го нарачувам од таму, а квалитетот ист е, дури од Али е сто пати подобар. Исто тогаш си имав нарачано rose gold саат, и до ден денес не е ни гребнат а кај се не го оставав, од овде саатите се љуштеле цели за месец дена. Толку, чисто дојдов да ги пофалам кинезиве.
Мене ми стигна прстен и кога бев во чаршија ми текна да прашам по продавниците дали е сребрен зошто не ми се веруваше да е толку ефтин а сребрен.И човекот ми кажа да сребрен е,еве го супер е прстенот ниту ми потемнил ни ништо
Има и такви што лажат, пример прстенот е посребрен бакар или некој друг метал, ама и да се зезнеш не си платил којзнае колку