Уживај ,ако треба помош пиши ... Јас за прв пат порачав глупост од долар море може и пола долар да беше чисто да видам дали ќе дојде
Не ми стигна нарачка, касно видов за да стиснам дека не сум ја примила. Пари ми повлекле, што можам да направам? Му пишав на сендерот, нема никакво разбирање. Пишува дека е стигната во МК, најверојатно некој си го лапнал пакетот. Голема работа свршил и да му се исуши раката на тој што го носи саатот. Цело време ми пишува контактирај ја поштата, ама изгледа не знае дека живеам во вукојебина и државни служби користат телефони само за декорација. На здравје нека ми е, што да кажам.
Што е со странава, буквално секоја страна што ќе ја отворам за да порачам некој производ пишува дека производот е потрошен, само кај мене ли е така?
Мене така ми беше селерот пиша да почекам уште некој ден бидејќи тој пратил поради ковид да не ме дошла ... Ми стигна по една недела.
Сакам да прашам, не сум порачувала до сега, и си најдов сега убави мајчки и фустанчиња. Дали ако порачам повеќе, се ќе си стигне или? Знам некои ми имаат кажувано, дека не секогаш повеќе порачани пратки не стигнувале. Фала Ви однапред.
Здраво имам слично искуство порачав и веќе 2 месеци го нема, од времето ми остануваат уште 28 дена.А селерот ми кажа дека е пристигната во Македонија уште во февруари и ми вели да проверам во пошта. Не појдов бидејќи ако е во пошта веднаш би требало да ми донесат или пред врата или да и пратат картонче само една пошта е во мојот град.Нарачката беше 2000ден и би ми било криво доколку ги изгубам парите, дали сеуште да чекам додека не помине времето или да се обратам негде навистина незнам.Би ми било мило доколку некој ми помогне и ме упати, бидејќи многу долго време го сакав тоа што го нарачав и многу ќе се разочарам ако не стигне. Ви благодарам однапред Здраво како да напишам за да ја следам мојата пратка на овој сајт, бидејќи 10минути врти и ништо не ми покажува Јас имам пратка со почеток SY и кога ќе пробам да ја следам на македонскиот сајт ми стаса,но би сакала да кажам дека поштата во Македонија е ужас,пратката ми ја испрати близок човек што работеше во поштата инаку можеби немаше ни да ја добијам. Ти благодарам што ми одговори, и би ви препорачала доколку не ви стига пратката а е во Македонија да одите во пошта во Скопје и да ја подигнете бидејќи ако живеете во друг град тешко дека ќе ја донесат
2021-03-18 13:09 Ohrid PC 6005, Ispora~ana 2021-03-17 14:23 Skopje IO 1003, Vo Posta 2021-03-17 13:28 Handle receptacle at carrier (EDI-received) 2021-03-17 13:27 Handle receptacle at carrier (EDI-received) 2021-03-16 09:37 Receive receptacle from abroad (RESDES EDI-received) 2021-03-16 09:37 Receive receptacle from abroad (RESCON EDI-received) 2021-03-05 15:01 NLHFDY, Departed from OE 2021-03-04 17:56 AMS, Arrived at OE 2021-02-27 10:12 AD, Posting Девојки, ве молам за помош. Пишува дека е испорачана, а немам дома пратка...
Појди во пошта и распрашај се. Кажи им дека уште немаш добиено пратка, а пишува дека е испорачана. Се надевам не си ја зел некој вработен од пошта и ќе си ја добиеш пратката.
На 18 ти март е испорачана во поштата во Охрид. Појди во пошта и прашај зошто уште не ти е доставенана.
Девојки да не знае некој до колку часот работи поштата на железничка во сабота, ама оној позади делот(од страната на аеродром) за пратки?
Дали на некој му се има случено ова да излегува при порачка? Не можам да порачам, а активен ми е профилот, не е деактивиран, пробав ги контактирам не ми одговараат. Ако знае некој да помогне.
Ако вака ми пишува ,, Despatched to OverSeas Postal Admin (From SG/SIN to MK/SKP)" тоа значи дека следна дестинација е Скопје?