Ајде и јас да прашам ,кај мене пишува на 29.03 delivering- departed country of origin Што значи тоа? Нарачав на 11 март.
Здраво девојки, не знам дали е поставувано прашањево па еве јас ќе прашам. Дали некоја од вас има порачувано повеќе работи од еднаш на aliexpress например 10 ланчиња, 10 нараквици итн. Ми треба бидејќи сакам да порачам повеќе за да ги продавам во мојот дуќан, па не знам како идат тие работи со царина и слично. Фала ви.
Откако е карантинот се опседнав со купување од алиекспрес само нарачувам само разгледувам , толку интересни работи има ми нема крај на моите желби
Имам нарачано два комплети бициклистички.Вчера ми пишуваше дека е пристигнато во државата и дека е во пошта.Бидејќи се двата комплети заедно спакувани и е сигурно големо за достава.Дали да чекам да ми стигне дома? Ако не каде да се обратам што да направам?
Како може да се провери до каде е пратката во МК. Од Ali express ми покажува дека се во Мк. Имам неколку нарачки и сите се во МК. На некои ми стои повеќе од две недели дека се превземени од Last Mile Carrier.
Имаш онлај да провериш.Напиши Македонска пошта следење пратки внеси го бројчето и ке ти појави во која пошта е
Истиот проблем го имам и јас.Ми стига порака дека се во Мк, а на страниците за барање пратки не покажува, како да не постојат.Плус се јавив во пошта и викаат нема ништо стигнато.Најдобро да пишеме на продавачите.