На страната на пошта ми дава дека пратката е во Македонија стигната уште на 1ви, но немам добиено никаков картон сеуште. Дали да одам да видам што е работата?
Дали некој има нарачано ранци од Али ,ме интересира каков квалитет се? Детево ги виде тие со Fortnite,ептен ги сака ама не сум сигурна.
Дали ова значи дека пратката ке ми стаса дури 30 септември? И на другата пратка исто ми пишува и како да ја откажам доколку е така?
И мене така ми пишува, ама некои стигнуваат и побрзо од што пишува овде. Да прашам дали некој има нарачувано од граднициве,многу ми се допаѓаат што се закопчуваат напред,но се мислам за бројот јас носам 90Б, но некои градници и ми се 85Б. € 3,84 34% Off | New Fashion Floral Print Push Up Bras For Women Deep V Bras Front Buckle Wireless Bralette Girls Sexy Leopard Underwear Lingerie https://a.aliexpress.com/_mOHMuxp
најдобро е да земеш метро и да си измериш колку си и така да одлучиш кое би ти одговрало, стварно се преубави, јас ги немам порачано но еве порачај ги па сподели искуство.
Хммм незнам до сега така не ми пишувало за други нарачки..А бикини имам нарачено па ако стаса крај на септември… а јас август сум на одмор.Дали да ја откажам шо е најпаметно ?
Вака сакам нешто да порачам од алиекспрес 22 долари е. Во банките катичките ми се блокирани. Дали можам во стопанска банка да отидам и со уплатница да уплатам. Прв пат нешто сакам да земам од алиекспрес
Тука ли се проверува дали е пристигната нарачката и дали заокружениов број треба да го впишам или друг? Ова од пошта само си врти не ми отвара ништо, да не грешам?
Да, тука. Од тука ископирај го, обично вака со букви почетни е. Имав една пратка само бројки како твоите и исто не ми ја покажуваше во пошта, па на ова другото десно до тоа што ти заокружив стиснав и видов дека и смениле број, па така после и ми ја покажа. Провери да не и смениле бројот кога доаѓала навака, зашто со букви почетни и крајни досега ми беа сите пратки што стигнаа успешно. Може и е рано да ти ја покаже во пошта, мене по 2-3 недели од нарачување ми ги имаше дека се во Латвија и тогаш ги регистрираа на страна на пошта. Дека гледам уште 65 дена за достава, скоро ти е нарачана, може и ја немаат и регистрирано во поштата уште.
Фала ќе пробам вака. Инаку ми стои исто како тебе погоре Па си викам ај ќе пробам. Фала @Dream-Girl а ова во забелешка што значи сега?
Пишува дека ми е испорачана денеска пратката ама никој не ме ни побара, а и во сандачето немам ништо оставено. Дали сте имале ваков случај? Погрешка да не е пишано дека ми ја доставиле или некој друг ја земал? Каде да се жалам или да проверам кој се потпишал место мене тогаш за да ја земе, директно во пошта да одам?
Најверојатно пратката е во поштарот, па евентуално ќе ти биде испорачана во понеделник. Ако мислиш дека некој друг ја подигнал обрати се во поштата кај железничка.
Јави се во локалната пошта и прашај.Или пак отиди директно таму, може имаат заборавено да ти ја донесат а пишале дека ти е доставена(мене така често поштарот не ми носи па сама идам да си земам).
Порачав од еден селер, не ми ја прати пратката. Поминаа 3 дена, му пишав дали планира да ми ја прати и кога, он ми пиша да ја откажам демек некаков проблем со системот за праќање имал, ама како причина да не го наведам тоа, туку нешто друго, за да не му го нарушам рејтингот. Што е попаметно, да чекам да измине времето кое е предвидено за испорака и автоматски да се откаже од Али и да ми ги вратат парите, или да ја откажам јас, а да ја напишам вистинската причина?