Зошто да напишам дека сум се премислила? Продавачот има добар рејтинг, стварно ли може да им откаже системот, или не сака да ми ги прати зошто производите се поприлично ефтини?
Да, може. Што губиш ако напишеш дека си се премислила? Сигурно продуктите ги има кај уште 100 други селери. Па нарачај пак.
Не губам ваљда ништо. Претходно истите производи по истата цена ги порачав кај друг продавач. Откако нарачав поминаа 5 или 6 дена, ја откажа нарачката наведувајќи ми ја истата причина. Ајде чекав да ми ги вратат парите, ми ги вратија, нарачав од овој, и тука минуваа деновите, ниту праќа, ниту ми пишува дека нема да ми ги прати. Му пишав јас и он тогаш ми кажува дека нема да ми ја прати, да ја откажам јас, ама да не ја пишувам вистинската причина, за да не му нарушам рејтинг. Затоа малку чудно ми беше, зошто првиот сам ја откажа, а овој чека јас да ја откажам, а притоа не ни сакаше да ме извести порано да не чекам залудно.
А ти ли ја откажа нарачката или чекаше да се откаже по истек на време или селерот да ја откаже? Веројатно во било кој случај ќе ми ги вратат парите, не е до мене.
На 7 август имам порачано блутут слушалки и блутут звучник од али експрес за колку време отприлика би стигнало тоа. Порачано е преку сестра ми. Дали може да ми го даде она тракинг кодот за да ја следам пратката од дома или само преку неа може да се следи пратката бидејжи она направила нарачка?
не стигна навреме нарачката, и им пишав, и истиот муабет ко тебе, не ни пишувај негативен коментар, те молам ова она,а предходно им пишев ко шо наближуваше датумот, не ми враќаа. И ја откажав и све негативно му напишав
Не знам зашто а прв пат вака, денес ми стигнаа 3 пратки ама внатре празни! Само обична хартија ставено.. што е работава не знам Што да направам? Си ги сакам праткиве да си ги добијам а не ѓубре
Лол а изгледаа како отворени или не? Отвори диспјут, прикачи ги сликите и барај си ги парите назад. И стави линк од селерот ако сакаш да не се зезне некој друг.
Веднаш да отвориш dispute! Ако треба и докази(слики) приложи од самите пратки, голема е веројатноста да ти ги вратат парите. Дали имаше поволни reviews на продуктиве?
мојот поштар така прави. Ми ѕвони и ми вика имам пратки, дома си? Ако не сум, остава на шалтер и одам си земам. Под ова оставање на шалтер не мислам со картонче Во систем стои испорачано, а јас одам ма шалтер кажувам име/презиме и ми ја даваат (стои крената на шкафот). Ни потпис, ни лк, ништо.
Ги донесе мојов поштар у понеделеник, го прашав баш зашто така пишува, вика извини во сабота немав прилика до таму да дојдам, затоа пишав сум ги донел, во понеделник го планирав тој реон... Си прават значи како сакаат и тоа на страната не им е многу точно, џабе паника дигнав. Ама ај ќе ги научам, од скоро почнав да порачувам и мислев точно им е како пишува.