Провери дали е во ред се со картичката во однос на средства/лимит/важност или пак пробај од пребарувач, компјутер. За колку денови ви ги рефундираат средствата на сметка? Во Refund Status пишува Refund Processing. Татко ми прв пат посака да нарача нешто, па продавачот му пишал дека продуктот веќе го нема на залиха.
Еден seller е top brand и една нарачка од него имав веќе порачано и се беше океј, но другите 2 отпосле ги порачав и уште не се shipped, а рок има уште 2 дена. После читав поплаки дека некои луѓе се жалат дека воопшто не ги испраќал воопшто некои нарачки и ни пари не им враќал. Не знам како воопшто е во top brands и толку позитивни коментари имаше од слики од производи и луѓе дека брзо праќал нарачки. Не враќа на пораки, дали да ги откажам нарачките или да почекам да истече рокот за да се испратени, па ќе ми ги вратат парите?
Немој да ги откажуваш,почекај .Ми се има случено и последниот ден да ми ги испратат па навреме ми стигнувале,нема врска тоа. И да не ги откажеш после завршувањето на тоа процесинг тајм,сами ќе ти ги вратат.Алиекспрес ќе ти ги врати,а не селерот бидејќи него ќе им ги префрлат парите дури откако ќе потврдиш дека стигнала нарачката или после завршување на рокот ако не отвориш диспјут.
Здраво, што треба да се пише во делот кај "State/Province/Region" пред да се направи нарачката? Ви благодарам.
Пратките се стигнати ама звучникот кој го добив бојата е погодена како што порачав ама во пакетот освен звучникот и кабелчето за полнење и упатство друго ништо нема а треба да го има и ова држачо за монтирање на велосипед, AUX аудио кабелот и Карабинер. Што да правам ? Сестра ми пиша на алиекспрес но незнам што направила ќе биде пратено тоа што фали или не? https://www.aliexpress.com/item/400...exp_id=791e8c83-dd65-4620-8693-a47441e5bd56-0
Женски, ова значи дека ми се стигнати порачкиве? Имаме проблем со поштар, па ако не ми стигне картонче, само со лична карта ќе ме најдат?
Јас во стопанска си извадив, топси студент картичка за онлајн шопинг (знам дека и ти си студент, па нешто помала провизија има оваа, може да си разгледаш да видиш што нудат со картичката, мислам дека ќе ти одговара). Може за секаде да се плаќа онлајн, ми рекоа дури у банката и вака можело да ја користам и низ маркети/кафичи ама не сум пробала.
Тоа проверувај на пошта пратки дали се во Македонија, тука не пишува тоа. Ама најверојатно не, обично пишува transportation by post, па после тоа за 2-4 недели стига.
Пробав да отворам на Македонска пошта следење на пратки, ама само си вртеше кругчето и баталив, си реков ваљда ќе остават картонче кога ќе стигне.
Да не си копирала погрешно бројче, или ако ги нема у системот некогаш така прави... Кај мене дека точно ги прикажува и немам проблем со тоа, па затоа те прашувам
Па најверојатно не е уште стигната пратката во Македонија и затоа не ја ни наоѓа, за погрешно не верувам дека е.