Според оваа слика пратката е испорачана , но денеска немаше ни пратка ни картонче. Додуша и не бев дома никој немаше, а во сандачето нема картонче. Што да правам да почекам или?
Како можам да порачам повеќе производи во иста нарачка? На пример сакам да порачам лак за нокти ама повеќе бои од истиот. Не можам да селектирам повеќе, не ми дава, само еден. Треба еден по еден да ги порачувам или?
Пратка пратена на 1ви октомври, на 18ти октомври ми пишува Calcelled by seller. Seller-от не ми враќа, не знам во што е проблемот, како веќе испратена нарачка може да ја откаже? Се сретнал до сега некој со ваков проблем?
Ова нели значи дека веќе е земена од поштата кај нас? А проверив на страната за следење на пратки и не ми ја дава. Знае некој нешто повеќе? Прв пат нарачувам..
https://postal.ninja/en Овде имате најдетално и најточно следење на пратките. Само пишувате тракинг број и апдејтира веднаш.
Дали со картичка дебитна од комерцијална master card би можела да купувам преку Алиекспрес? Имам друга за онлајн шопинг специјално, но на оваа имам некоја сума и во моментов сакам нешто да си порачам, па да знам дали може да ја искористам и неа.
Сакам на пример да ги порачам работиве по нормална цена, скоро па на секој производ ми стои new user bonus, сакам по нормална цена да си го платам, нема опција ова бонусов да го тргнам... Хелп