Здраво јас имам нарачувано ситници од алиекспрес уште летоска но сеуште ништо ми нема стигнато, иако се од повеќе различни продавачи па ми нема смисла да е до нив проблемот. Дали некому му се има случено истово и како би ме советувале да постапам? Живеам во Скопје а вработените во Пошта 2 Железничка не се секогаш услужливи и љубезни
До сега си требала да отвориш диспјут сега веќе и не може, штом не ти стасале нема ни да стасаат. Имаа ли добар ревјувс продавачите?
Отворив диспјут и ги рефундирав меѓутоа ми се има случено после рефунд да ми стигне пратката и да им ги вратам парите на продавачите, меѓутоа сепак ништо не ми стига периодов, мислев со пошта да не има некој проблем Секој пат кога сум проверувала на тоа ништо не ми давало но пратките стигале сепак, сега овие конкретни пратки се рефундирани но пред да отворам диспјут пишуваше дека се во Скопје… не е валјда да ме крадат од пошта, да не грешам душа и да, имаа добри ревјус секогаш нарачувам од продавачи кои имаат позитивни ревјус со се слики
Ми се има и мене случено 2-3 пати со пратки што се стигнати во Скопје во главна пошта да ги снема. И единствено објаснување ми е да ги украл некој или да ги изгубиле при транспорт, ама првово ми е некако пологично, јер Македонија е ова За последнава пратка бев во пошта и ми рекоа мора да се најде ќе се јават во главна пошта па ќе ме известат и кога се јавив откако не ми се јавија они друг муабет ми направија, демек изгубена била.
Дечки, добив еден продукт што го имав порачано, но не функционира. Што да направам следно, прв пат ми се случува? Да отворам dispute мислам, ама дали да кажам дека го добив или не?
И мене денес ми се случи истово со нешто оштетено што ми стигна. Одма отворив dispute и доказ слики пуштив дека продуктот не е океј. Ми пишаа дека парите ќе ми се рефундирани.
Во случајов продуктот надворешно е во ок состојба, но не работи. За air humidifier се работи. Не знам дали да отворам директно диспјут или да му пишам прво на селерот...
Сними видео и прикачи го во диспјутот. Обично продавачот ќе те мотка дека ќе ти прати ново и слично додека да помине времето за диспјут.
Мене селерите ретко кога ми враќаат, па одма ако нешто не е океј dispute отварам и одма средувале. Бар за тоа се океј, одма враќаат парите. Не сум имала случај ваков да не работи нешто, обично само оштетени на изглед или неиспратено нешто, затоа не можам баш конкретно да ти помогнам ама мислам најдобро е без да се губи време со селерот.
Дали за пратка 25 евра со free shipping се плаќа нешто плус ,ддв или царина ,се работи за мала пратка,до сега имам нарачано над 100 пати од али експрес а никогаш немам платено нешто плус♀️ Баш се плашам овој пат
Здраво женски. Само што порачав од алиекспрес и погрешка стегнав ,,Confirmed order received,,. Дали ке има проблем за нарачката ке ми стигне или само нема да ми кажува до каде е?
Што е работава што не ги носат пратките од пошта ? Вејќе неколку пратки на страната на пошта стои дека се стасани тука ама нит картонче стигна нит пратка, а поминати се денови. Му се случува на некој ова ? А доколку се јавам таму знам со какво однесување ќе добијам "објаснување".