Мене за декември пред нова година картонче ми имаа оставено да идам да ги земам, овие што стигнаа почеток на јануари ни картонче, ни повик. Тие од ноември брзо ми стигнаа за чудо.
Некој љубезен да се најди да ми објасни за coins благе везе немам што е ова И уште едно прашање, што кога пиши object routed каде што се следи производот до каде е? Првпат ми пиши вака..
Па ете во тоа супер дисконт тие минѓушите можеш да ги купиш само со доплата од 1.97$ а останатот со coins ако имаш собрано 197. Значи одредени продукти можиш да ги купиш со доплата и искористување на coins. Стисни до тракинг бројот и ќе те препрати за да ти покаже до каде е. Или копирај го тракинг бројот (обично почнува UB или RB па бројки) и оди на пошта.мк.
@Cosmi Може да ми кажеш проверени продавници за сребрен накит, никако не можам да ти го најдам мислењето. Нарачав од една што ја имаше препорачано и задоволна сум.
Bamoer . https://www.aliexpress.com/item/100...-1;4.99;-1;-1@salePrice;USD;search-mainSearch Брзо стигаа.
Задоволни сте? Не потемнаа? И која друга продавница ви е испробана? Сакам и јас да нарачам ама прво да прашам за сигурно.
Може линк или слика од прстенот? Голем избор имаат, на некои не пишува сребро, да знам кој е, ако не е проблем.
Избрав неколку работи за кои пишуваше дека доставата е бесплатна ама кога селектирав за купување ми пресмета уште 10тина долари за достава. Ви се десило?
Јас досега имам нарачано шорц, прстени и кармин.Се` беше океј. Чекам веш ( да веш хахаха, ме интересира какви им се), четки за шминкање сакав маска за телефон, ама за 11ка нема НИШТО, се` некои обични, шо можам и на пазарче да ги купам. Се мислам хеланки да нарачам ама шипингот е изгор, 1000ка фаќа со се` шипинг.А шорцот го земав за некои смешни пари и е коска
Имам нарачувано спортски градници топ се, исто и обични значи преубави, истите ги има по бутици по 600, 700 ден, јас ги начекувам за некаде 200-300 ден.
Па да бе, нема да ги богатиме овдешните продавници, ако може поевтино да пројдеме Јас гледам да има доста customer reviews и orders и слики обавезно да не ми дојде некој шут. Досега еден спортс бра имам купено, Њу Јоркер за 500че, ама супер е, нит поти нит ништо. Тогаш немав мислам на Али акаунт. Ама сеа ме нервира, продуктот 2-3 долари, шипингот 7, ја мајката.Е не нарачувам