На сајтот на мк пошта не ми ја наоѓа пратката по тракинг бројот ама колку што гледам стигната е во земјава. Некој слично искуство.
На др.сајт ми покажуваше на 4ти април дека стигнала ама ај ќе почекам уште некое време иако видов дека пошти ќе штрајкувале
И мене. И ми ги нема ни во пошта уопште регистрирани. Да не има проблем некој во земјите преку кои стигаат? Не знам стварно шо е работава.
Денеска добив известување од познаник во Италија дека неможел да прати нешто тука поради војната во украина, не му дозволиле..
Сега прво летаат до Будимпешта од Кина, па потоа во Рига, па кај нас. Значи едно застанување плус ради авио рестрикцииве. Мене 15 дена ми стои пратка во Скопје од АлиЕкспрес, транзит пишува, никогаш не ми се случило до сега.
Јас тука ги пратам, ама и твоиве значи се во Латвија. https://postal.ninja/en Ама не ми се веродостојни овие од Али, ми праќаат мејл јор шипмент ис ин јор кантри, а тоа во Будимпешта или Рига на транзит
5 пратки имам од крај на февруари нарачани и сите ми стојат уште од крајот на март последно известување дека се во transit country... Истото ми го покажува и на другите страници вакви за следење што се. Во Латвија дека ми се сите, а веќе 2 недели пошта ги нема преземено. Порано штом стигнаа во Латвија на страната ги имаше регистрирано како пратката се презема од испраќач. Сега ништо...
Мене денес ми ја покажа пратката дека е во пошта. Инаку на 18.02 нарачана. Ваљда ќе ми стигне деновиве картонче.
Nekoj so dobri vesti deka se prezemeni pratki od Latvija? Za brzo mu e rodenden na sinko ke ostaneme bez rekviziti
Пратка стигната на 31.03 во Латвија, во вторникот (19.04) ми е преземена од таму Исто во понеделникот подигнав една пратка од АлиЕкспрес
Исто и една моја пратка конечно на 19.04 ја презеле, а од 15.03 во Латвија беше. 4 други пратки уште ми се заглавени таму.