Мене од 14.04 уште ми пишува -Во пошта.... Па побогу, од кина стигна за 10 дена, во мк се влечка 2 недели
И мене многу ми ја задржаа нашиве, повеќе од 2 недели седеше во Скопје пред да ми ја достават. Во Пошта ми рекоа дека на царина ги задржувале.
Здраво чекам некои пратки ама од 30 март не се ражурирале, а ми кажува Estimated delivery: May 07, а не се аржурирани од 30 март дали ке ми стигнат до 7 мај или тешко?
Периодов не мислам дека ќе ти стигнат. Имаат проблеми. До сега сите нарачки ми стигнувале за месец дена, а последниве еве уште ги чекам, 2 месеци више.
Да не е поради празникот рамазан па да каснат еден месец? Има и пратки што ми стигнале за 7 дена ама нашава пошта ги задржуваат многу
Што да направам за да не ми стигнуваат реклами на Алиекспрес на мејл? Досадни станаа веќе. Знам имаше една опција, ама никако не ми успеа да го средам проблемот. Thanks!
Исто е и со моите пратки. Сите се заглавени некаде, ќе каснат со достава, нешто е проблем со преносот, но не знам зошто...
Од четирите пратки кои не беа аржурирани две се аржурираа и пишува Post office collection значи дека се во пошта?
Непишано правило ама 3-4 недели после тоа известување ќе ти ја достават пратката. Битно е преземена, кај и да е ќе ни стигнат пратките. И за моите конечно вчера гледам такво известување има.
Дечки ако пишува Skopje Posta дали значи дека се во нашата пошта во Скопје или само дека ги превземале ама уште не се тука?
Дали е до македонска пошта или до алиекспрес незнам требаше една пратка до 30 април да ми пристигне и ја нема, и две пратки до 6 мај и тие ги нема. Ги контактирав продавачите и ми вратија вашата пратка е пристигната во земјата на деситанцијата проверете го статусот во вашата локална пошта.
Прашав за пратките биле во пошта 2 следната недела ќе ми ги донесат . Имам пратка што треба да ми стигне ми пишува Во наизменично пошта влез што значи тоа?
Проверете и во поштата што ви е најблиску. Мене прв пат овој пат ми стигна картонче дрка пратката ми е во поштатат преку улица. До сега секогаш во главна пошта кај железничка ми стигнувале.