Јас имам повеќе маски нарачувано, сите ми стигнале во рок од 2 месеци, и супер ми биле сите досега..до 200денари најповеќе сум платила, некогаш и помалце од 100денари и стварно се супер
Евтини работи се претежно на алиекспрес, не сум платила ни јас повеќе од 200 денари за маска за телефон. Колку плаќаш на алиекспрес толку е, додатни трошоци нема. Инаку извади си една картичка на која ќе ставаш само мали суми пари за онлајн шопинг (1000-2000), така ти е најбезбедно. Сум немала проблем до сега. Царина се плаќа ако е само над 20-22 долари (не сум сигурна) нешто. Не сум порачала толку скапа пратка до сега, немам искуство со додатни трошоци.
Ја нарачав во јули ми стигна сега пред некој ден,а требаше Септември. Иако не сум Мкд исто е и за тука.
Не знам колку точно, ама можи 10тина години порачувам и плаќам со картичката на која ми стига плата. Зачувана ми е, не ја ни внесувам. Исто така ако не ти стигни, или ти стигни оштетено ги враќаат парите. Ако помини рокот кој е наведен дека ќе ти стигни натачката пак ги враќаат парите ако си побараш. Така да безбедно е од секој аспект. Скриени трошоци нема, колку пиши толку плаќаш, само во случај ако порачаш нешто над 50€ мислам беше можи да подлежи на царина кај нас. Касно влегуваш во шема . Во последно се е поскапено и скоро за се се плаќа шипинг за кај нас. Ама сепак имаш огромен избор.
Мислам да, некако сега во нормала ми се чини дека се вратени. Минативе месеци имаше застој, ама сега што порачував нешто ми стигна за две и пол недели.
Изгледа ажурни се од твојава локална пошта, овие кај мене мрзи живи се, порано од 1 месец ништо ми нема стигнато, а толку време нарачувам...
Само што порачав наочари. Ќе видиме сега дали Септември или Октомври ќе стасаат. Приметив дека е малку поскапено и има шипинг ама исто приметив дека некои селери од кои си имав порачано порано си ги затвориле продавниците. Сакав таа маската со фотоапаратот да ја нарачам за другарка ми,селерот од кај ја порачав мојата си го затворил дуќанот. Ја платив 5€. Барав по други селери маската сеа е 8,10 па дури 15€ плус шипинг.
Не е над 20 долари. Јас сум порачувала и суми по 35-6 долари и нема царина. Се мислам дека над 45 евра беше.
Можно е да е поголема сумата, едно време мислам дека околу 20евра/долари беше, после како да зголемија до колку е дозволено.
Здраво сакам да порачам облека од aliexpress. Има некоја членка што е порачувала? Дали истото ко на сликите е? И колку се плаќа каргото
Нарачував неколку работи за роденден за малиот, им пишав на сите порака што е можно побрзо да ми ги пратат,речиси сите потврдно одговорија. Еден продавач ми ја откажал нарачката и ми пишал заради епидемијата не е во можност да ја достави,уште еден истото ми го пишал во порака,а не е откажана. Ви се случило вакво нешто? Што им стана на кинезиве?
Имам за големата ќерка порачувано, ама ќе гледаш еден до два броја поголеми да порачуваш. И исто се ми стигнувало. Има една тема на форумов за се што сме порачувале со слика само пребарај ја
На секој производ имаш опција да го купиш веднаш или ставиш во кошница, па преку кошницата да купиш повеќе производи оддеднаш. Кога ќе избереш производ пишана ти е цената плус малку подолу цена на транспорт ( shipping cost). Внимавај на тоа бидејќи во последно се наплаќа често и во поголеми суми што ќе ти влијае на крајната цена. Доколку ставиш опција да купиш веднаш ( buy now), се појавуваат нови полиња каде што внесуваш адреса за достава. И дополнително податоци од платежна картица со која ќе платиш. После завршување на порачката неколку часа има статус на чекање ( pending) додека да помини банкарската трансакција. Па се испраќа и во последно и често барем кај мене се обновува статусот со цел да се следи до каде е. Дополнително во податоците на секоја порачка имаш tracking number, со кој и самостојно ќе може да се следи статус
Значи откако ќе изберам што сакам да порачам треба да внесам адреса... Тоа со секој нов одбран производ или веќе ги запамтува податоците?
Кај мене зачувани податоците за адреса. Имаш опција да се зачуваат и податоците од картичката меѓутоа јас ги внесувам тие постојано. Не сакам картичката за плаќање да биде зачувана
Има одредена сума која треба да е на картичката или во зависност од тоа што нарачувам па да ставам толку?