Најмалку колку сумата на тоа што го порачуваш. Можеш да ставаш на посебна картичка со опции за онлајн плаќање одредена сума и да ја користиш само за порачки.
Женски хелп ,порачав од алиекспрес и ми вика нарачката е одбиена ? Како треба да направам да ми ги вратат парите ?
Ништо не треба да правиш. Штом тие ја откажале автоматски ќе ти вратат парите на сметка. Е сега тоа можи да биди по месец дена, освен ако не си платинум.
Мене последната пратка најбрзо ми стигна од сите досега, за само две недели. Можеби беше до продавачот, обично ми стигнале за месец-два.
Исто и мене за 2 недели ми стигна последната пратка. Ама само една пратка имав таква што брзо дојде, другите во исто време порачани со неа уште се влечат.
Мене на апликацијата за пратки порачани од 19-20 август ми стигна известување дека се стигнати во МК. Можно е толку брзо?
Можно е само со singapore post ако се пратени. Со таа пошта за две недели пристигнуваат. За најсигурно да знаеш провери ги кодовите овде https://www.posta.com.mk/TrackTrace/ Ако се влезени во државава ќе има информација, ако не тогаш тракингот е без врска
Мене за сите нарачки без разлика дали има шипинг или не, ми пишува estimated delivery као за 2 месеци откако е направена нарачката
Што знам, мене тие производи што се со shipping ми стигнуваат за две недели, а некогаш и помалку. Тие што се без ми стигнуваат за месец, месец ипол. Сум го приметила ова, а верувај цел алиекспрес го имаме порачано .
Последните две пратки стигнаа многу брзо и кај мене..за две недели. Износите беа малку повисоки но немаше износ плус за достава..можеби имаат некоја промена ама навистина добро вака
Провери на страната на македонска пошта за следење, бидејќи од алиекспрес може да стигне известување дека се на дестинацијата а уствари се уште во транзит.
Јас со таа на која ми стига плата, на која секогаш имам пари на неа. Повеќе од 10 години порачувам и не сум имала проблем. Дури и зачувана ми е за да не ја внесувам на секое.
Zdr sakam za shipingot ako e 200 den da kazeme za eden proizvod dali taa cena bi bila I za poveke proizvodi ili ke bide poveke