Да те прашам нешто, порачав ми стои This order will ship in 7 days. If not, your refund will be issued automatically. За колку време би стасало?Со шипинг е инаку. 2 работи порачав од различни места , на едното стои ова и стои пресметано време на стасување демек 15ти декември. Отприлика точни се датумите за достава?
Тоа ти значи дека нарачката ќе ја испорача ( испрати ) до соодветно место за 7 дена, во споритивно ќе ти вратат пари. Не дека тебе за 7 дена ќе ти стаса. Тебе може и за 2 месеци да ти стигне.
Тоа значи дека нарачката ќе ти биде испратена во рок од 7 дена, а би требало да стигне до 15ти декември најкасно. Доколку не стигне до 15 декември ќе може да ти ги рефундираат средствата. Само 2 - 3 работи досега не ми стигнале од тоа што сум нарачала за кои уредно ми биле вратени средствата. Број нема колку нарачки имам направено од алиекспрес.
Дали и некој друг се соочил со непрофесионализам на доставувачи од али експрес? Доставувачот 5-6 дена по ред ми носеше пратки и океј беше, сега помина веќе околу месец од последната нарачка и почна да ми пишува на вибер секојдневно здраво, како си, зошто не ми враќаш? Не знам како може да си дозволуваат вакви работи, да злоупотребуваат броеви за нешто надвор од нивната должност... Човек да го фати страв следен пат да порача нешто, глупости.
Доставуваат пратки сега? Дека не им работи страна за следење,штрајк ова она... Да му се сневиди,и јас кај најдов сега да нарачувам.
Јас имав 4 нарачки од јули, ги нема нигде сите 4. Помина рокот за достава, сами се потврдија како примени. Морав да отворам dispute бидејќи од пошта не добив достава. А многу им се радував Не сум знаела дека пак штрајкуваат.
Јас нарачав неколку работи во Германија, ми стигнаа за месец и една недела, мислев овде порано ќе стигнат,ама ништо. И се поскапи за разлика од Мк производите. А во Мк последната нарачка не ми ни стигна.
Мене се ми стигна, каснеа малку овој пат. Претходните неколку пати побрзо стигале. Не живеам мк ама и тука е исто со нарачките.
Јас имам приметено дека кога ја испраќаат пратката преку Литванија (LT стои на тракинг бројот) или преку Сингапур(SG) стига за рекордно време, дури доста пред почетниот рок што е наведен, а кога праќаат преку Латвија(LV), а најчесто така праќаат се чека предолго, дури и по 2 месеци понекогаш.